Пластичните кеси се забранети за продажба, а биоразградливите станаа 15 денари. Производителите на пластика се жалат дека ќе им пропадне бизнисот, еколозите велат дека ова е само прв чекор и треба уште многу да се направи, додека граѓаните на социјалните мрежи се шегуваат дека богат човек на улица ќе познаеш по тоа што носи кеси.
Во Министерството за животна средина велат дека собраните пари од кесите ќе се користат за инвестирање во животната средина, бидејќи ќе одат на посебна сметка за таа намена. Тоа би значело инвестирање во иновативни, чисти технологии, во системот за управување со отпад, садови за селектирање, намалување на притисокот врз животната средина и слично, велат во Министерството.
Стандардите за биоразградливост во Македонија се донесени во 2013 година, а еколозите предупредуваат дека и биоразградливоста не е баш толку едноставна работа.
Давор Пехчевски од Еко-свест објаснува зошто биоразградливите кеси не се разградуваат. Нашиот закон е усогласен со директивата за отпад на ЕУ од 2018, но во 2019 е донесена нова која забранува и оксо-биоразградлива пластика и оти тоа треба да се направи и кај нас.
10/х„Биоразградлива“ кеса што е наполнета со стандарден домашен отпад, фрлена во контејнер па во депонија, никогаш не се разградува и само го овозможува создавањето стакленички гасови од био-отпадот.
— Davor Pehchevski (@dpehche) December 1, 2021
Дел од граѓаните прашуваат која е поентата да се забрани употребата на кесите, кога сите производи во маркет, често и непотребно, се пакувани во пластика.
Која е поентата на ова кога продуктите што ќе ги ставам во таа ќеса се 90% со пластична амбалажа која најверојатно и не се рециклира... Да не збориме за земји како нашава што немаат стратегија за справување со отпад па се завршува на иста депонија
— социјален камелеон (@kasnuvalo) December 1, 2021
Све е у реду со ќесите, него проблемот се останатите 450.000 закони за заштита на животна средина, кои што можат, а не ги носат зошто така им се намалуе колачот од митото. Дисциплина да, ама од сите.
— Бапчо (@TheFitzzz) December 1, 2021
Зошто не се почне со пластичните шишиња? Повеќе се купува во пластични шишиња отолку кеси.Во една кеса 3- 4 пластични шишиња.
— Dona (@Donaretri) December 2, 2021
Други, пак, велат дека е нелогично да се забранат овие кеси, а да се дозволи продажба на оние за ѓубре.
Трети се шегуваат дека користењето кеса сега станува статусен симбол, како брендирана гардероба.
Овој купува се скапи работи.-Кои бренд?Гориво,зејтин,кеси...
— Брегаста осовина (@IMperaTor____) December 2, 2021
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/cff40GgiTA
— Вампирка (@drakulka143) December 1, 2021
Ми бара 15 денари за кесе,ако и ја шлапнам една pic.twitter.com/x0zn2poBUF
— Филозофот 2.1 (@firerot_) December 1, 2021
Некои, пак, велат дека не е проблем зембиљот, туку тоа што треба да се стави во него.
Џабе и торба платнена, кога немаш со што да ја наполниш.
— Стрела ➶ (@zone0205) December 1, 2021
Повозрасните се сеќаваат на поинакви времиња, кога кесите не беа за еднократна употреба.
Памети некој вишекратната употреба на кесите од млеко!?
— i999y (@i999y) December 1, 2021
Спанаќ се купуваше на пазар и во пиљара и во времето кога не постоеа пластични кеси и без проблем се носеше дома во торба, мрежа...
— tantela (@starmarsovec) December 2, 2021
Од денес вака.Пластични кеси нема, ама пластична амбалажа колку сакаш... pic.twitter.com/RcmQ51prrZ
— GoceOdPrilep (@GoceOdPrilep) December 1, 2021
Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека тие сакале кеса да биде 10 денари, но пратениците со амандман побарале да биде 20 денари и на крај се „исценкале“ за 15.
Значи има вистина дека од ракав ја извадиле цената место да изработеле некоја подлабока анализа за мерките против загадувањето и рангирање по приоритет и изводливост. :(
— Алекс 🇲🇰🇪🇺 (@enginebluewater) December 2, 2021
Европската унија во 2018 година донесе директива со која се забрануваат повеќе видови пластика, а земјите од Европа веќе почнаа да забрануваат употреба на пластика за еднократна употреба, како цевчиња, чепкалки за уши, чинии, чаши и пластичен прибор за јадење за еднократна употреба. Во некои земји од ЕУ пластичните кеси се целосно забранети, во други се даночат, а во трети се наплаќаат.