Помпео, Трамп и надворешната политика на САД

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Помпео човекот од доверба на Трамп?

Државниот секретар Мајк Помпео се соочува со неговата прва голема криза за тоа како да одговори на нападите врз саудиските нафтени постројки, за кои тој го обвини Иран. Како одговор на нападите, претседателот Доналд Трамп одобри распоредување американски трупи и воена опрема во Саудиска Арабија. Дипломатскиот дописник на Гласот на Америка Синди Сеин за блиските односи на Помпео со претседателот и неговите лидерски вештини во овој критичен момент.

Нападите врз најголемите нафтени постројки на Саудиска Арабија ја ставија во центарот на вниманието реакцијата на администрацијата на Трамп, во услови на зголемени тензии со Иран.

Сите очи се свртеа кон највисокиот американски дипломат Мајк Помпео, испратен од претседателот во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, откако тој отиде најдалеку од кој било друг претставник за да му ја закачи вината на Иран и нарекувајќи ги нападите „акт на војна“. Експертот за надворешна политика Карен Јанг вели дека американскиот кредибилитет во светот е во прашање.

„Секретарот Помпео ќе мора да ги увери оние партнери во Заливот дека Америка навистина ги поддржува, а понекогаш Белата куќа и самиот претседател даваат изјави што го доведуваат во прашање тоа. Мислам на долготрајната политика од крајот на Втората светска војна до администрацијата на Картер и до денес, навистина се се фрла во воздух во последните неколку дена.“

Трамп понуди мешани знаци за тоа како Соединетите држави би можеле да реагираат, велејќи дека има многу опции, и истакнувајќи дека била нападната Саудиска Арабија, а не САД.

Сепак, експертите се согласуваат дека Помпео бил доволно внимателен за да не се согласува со претседателот во јавноста и додаваат дека тоа може да биде една од причините зошто тој е најдолгиот „преживеан“ член на тимот за национална безбедност на Трамп, започнувајќи како негов директор на ЦИА.

Кели Магсамен, од Центар за американски прогрес вели:

„На крајот на денот, мислам дека секретарот Помпео има доверба во претседателот на Соединетите држави и јасно е дека претседателот има доверба во него и неговите инстинкти за овие прашања“.

Други како Карен Јанг истакнуваат дека Помпео не бил долго време директор на ЦИА пред претседателот да го премести за да го замени Рекс Тилерсон во Стејт департментот.

„Тој не е човек за меѓународни работи какви што имавме државни секретари од минатото. Тој не е Џејмс Бејкер (поранешен државен секретар)“.

Некои набудувачи, и внатре и надвор од администрацијата на Трамп, велат дека Помпео се чини оти имал повисоки политички амбиции.

„Повеќето луѓе во администрацијата и мислам дека однадвор, го гледаат Мајк Помпео како многу политички, многу опортунистички и некој што само внимава на себе. Мислам дека тој во својот ум ја има потенцијалната политичка кариера во иднината“.

Помпео вели дека е целосно ангажиран во својата сегашна работа како главен дипломат. Но, тој е исто така искрен за тоа дека претседателот е тој што решава во надворешната политика на САД.

„Му ја даваме нашата најдобра мудрост. Ние го споделувавме нашето разбирање. Кога бев директор за разузнавање, дадовме се од себе за да се осигураме дека ги има достапните факти и податоци за да може да донесе добри одлуки. Но, мислам дека ниту еден лидер во светот не треба да прави каква било претпоставка оти затоа што некој од нас заминува надворешната политика на претседателот Трамп суштински ќе се промени.“

Засега, Трамп и Помпео се чини дека се во синхронизација во справувањето со предизвиците на надворешната политика ширум светот.