Помпео пристигна во Охрид
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска дојде во посета на Македонија. На Охридскиот аеродром, тој беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и од американската амбасадорка Кејт Мери Брнс. Помпео денеска во Охрид се среќава со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев, како и со вицепремирот Бујар Османи и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. За време на неговата турнеја низ Европа, Помпео првин ја посети Италија, потоа Ватикан, па Црна Гора, од каде што и дојде во Охрид, а турнејата ја завршува со посета на Грција.
Помпео е првиот американски државен секретар која ја посетува земјата од 2001 година. Пред 18 години тогашниот американски државен секретат Колин Пауел ја посети Македонија во екот на воената криза.