Износот на социјална помош иако пред неколку години беше зголемен од четири илјади денари на седум до девет илјади денари, во зависност од бројот на членови во семејството, не ги реши сите егзистенцијални проблеми на луѓето на кои помошта од државата им е најпотребна. Во овие февруарски зимски денови на околу сто социјално загрозени семејства во кои има болни, стари или невработени членови, или повеќе деца се издржуваат од таа помош, состојбата и положбата им ја влошуваат дополнителни прекини во примањата на парите поради неплатени долгови.
За шеесет годишниот Дурак Демиров од Кочани и неговото повеќечлено семејство во кое има и три внучуња, сметките за комунални услуги се повисоки од износот на социјалната помош. Тие се оставени без никакви примања и живеат во страв од дополнително осиромашување.
Видете и ова: Затворени фирми во рамки на просекот, но раст на отпуштени работнициДемиров и неговата сопруга заедно примале социјалана помош од 100 евра до пред седум месеци. Но поради долгови за неплатени сметки за комуналии во банка им била блокирана сметката и помошта престанала. Тој не знае во што е проблемот, зашто иако однел потврда дека се корисници на помош со месеци продолжува да чека да биде одблокиран, наведувајќи дека извршителот не може да го најдат.
"Не блокираа зашто не може да излеземе на крај со струја и вода, нема од каде да платиме. Порано земавме социјално и плаќавме, имаше и за струја да плаќаме и да се издржуваме. Сега нема, од каде. Се чудиме како ќе приживееме. При крај сме со дрвата за огрев. Не сум само јас, има и други пријатели, немам претстава како ќе издржиме понатаму" вели Дурак Демиров.
Трошоците растат, стандардот стагнира
Тој знае добро дека секогаш може да се заштеди и да се одземе од топлината и од храната за да се платат сметките, но сега тоа изгледа дека навистина е невозможно. Дурак и неговата сопруга се во тешка состојба зашто имаат здравствени проблеми и се стари да работат, а заедно со нив во семејството живее и нивниот невработен син и од помошта издржуваат и три внучиња.За Дурак и неговото повеќечлено семејство слаб и немоќен изгеда секој напаор да се заштетеди во исто време кога имаат толку други потреби.
"Со внучињата сме дома, одат на школо, внучињата се од синот и тој не е вработен, за трето дете помош зема од државата и тоа е единствен приход, разведен е синот и со тоа живееме. Извршителот го нема, а не сум само јас. Отидов на суд со адвокат судот ми одобри решение, отидов пред три месеци во банка таму ми кажаа извршителот го блокирал паритие, но извршителот го нема и не може да го најдеме и мизеруваме" вели нашиот соговорник.
На овој проблем уште пред две години односно по стапувањето на сила на новиот закон за социјална заштита предупредија и граѓанските организации.
Активистот Зоран Биков од невладината организација "Кхам" која е членка на Македонската платформа против сиромаштијата вели дека корисниците на помош не биле заштитени од извршители во случај на долг и оти ова било укажано на Министерството за труд и социјална политика од каде вложиле напор и се потпишал меморандум со кој се предвидува извршителите да не ги блокираат лицата кои с е корисници на минимален гарантиран приход.
Но, настанал нов проблем кој продолжуваат да го чувствуваат на свој грб дел од корисниците.
"Социјаланиот број на сметката во банка на кој го добиваат износот од министерството не е видлив за извршителите. Граѓанските здруженија лани евидентирале над 100 тина такви случаи, но проценуваат дека има повеќе кои и натаму се блокираат од извршители з ашто бројот е невидлив" вели Зоран Биков.
Тој дополни дека министерството е запознаено и со оваа ситуацијата и дека се бара решение, но истакнува дека потребно е да се забрза постапката зашто секој ден е се потежок за овие луге.
Видете и ова: На Македонија и се заканува раст на сиромаштијата поради ковид-19Нашиот соговорник на почетокот од приказната ни кажа дека оваа негова секојдневна и непрестајна борба за егзистенција треа во текот на многу години но оти го растажува дополнително и пандемијата која го оставила синот музичар без никаков приход, но тоа не го обесхарбрува и очекува дека ќе најде решение и за овој проблем.
Палиме свеќи, па пуштаат струја, па пак прекинуваат, така живееме со години. Жената не е добра со здравјето, со срцето и плуќата, а јас сум со проблеми со притисокот. Не сме способни во години сме и немаме здравје да работиме нешто друго. Синот е музичар повремемо свири, но откако фати корона го викаат на седенка да свират, но за 15 минути доаѓа полиција и ќе ги избркаат. И така мизеруваме"
Дурак ни раскажа дека социјлана помош користи многу време. Кога бил помлад работел во индустриска фабрика, но не успеал да го задржи работно место зашто водел битка за здравјето на другиот син кој е глувонем и заминал во странство, а животот му се претворил во непрестана борба за преживување со штедење откинувања и одземања од потребите.
Во Македонија има 32 илјади корисници на социјална помош од државата а поради пандемијата дополнителни 5 500 граѓани се регистрирaни како приматели на помош. Добиваат и помош од илјада денари за сметки поради пандемијата.
Во 2017- 2118 имаше постапка да се донесе нов закон зашто износот што го добиваат корисниците на социјална помош беше мал и не овозможува заштита на правата.
Помошта некои ја чекаат со месеци зашто заглавува во бирократија?
Зоран Биков од невладината организација "Кхам" вели дека новиот закон за социјална заштита, со кој социјалната помош замина и се воведе гарантиран минимален приход, позитивно влијае на корисниците, но за жал реалната состојба повторно покажува и недоречености.
Биков вели дека помошта, која за некои не доволна да платат сметки, дополнително се намалува поради пари кои луѓето треба да ги дадат за провизија на банките за одблокирање на сметките . Тој посочува дека дел од извршителите кога активистите ќе им однесат потврда дека лицето е корисник го деблокираат, но банката му наплака 1600 денари провизија, а во случај пак ако извршители отишле во странство по неколку месеци корисници неможат да добиваат приход зашто се блокирани.
"Провизијаат им е 1600 денари. Ако се неколку пати блокирани од извршители цела социјална помош или приход ќе заврши во банките"вели Биков
Тој заедно со други активисти најавува дека планираат да побараат нови измени на членови од законот за социјална заштита и за извршители и порачува дека важно е како општество да се потикне солидарност и одговорност за оние кои се најзагрозени и кои без помош на пошироката општествена заедница не може да ги решат своите егзистенцијалани проблеми.
Радио Слободна Европа побара одговори од Министерството за труд и социјална политика за доцнењето на помошта на лицата кои имаат неплатени сметки или долгови. Од таму ни одговорија дека согласно законот за извршување од извршување се иземени корисниците на помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување, траен надоместок и еднократна парична помош) согласно со прописите од социјална заштита ( член 116 точка 3).
Дополнуваат дека за реализција на оваа одредба Министерството со Коморота на извршители има потпишан меморандум за соработка, преку кој се овозможува извршителите да направат проверка за извршеникот дали е корисник на наведените права, односно исплатата по оваа основа да ја иземат од извршување.
Од таму не добивме коментар за тоа дека на корисниците на социјална помош во банка им се наплаќаат по 1600 денари за одблокирање сметка,како на секој друг граѓанин.
Ради Слободна Европа контактираше и со Комората на извршители во врска со проблемот на неможност на некои од луѓето кои користат социјална помош да стапат во контакт со извршител кој треба да им ги одблокира сметките.
Од Комората ни рекоа дека ќе ги разгледаат наводите со недостапност на некои извршители и ни најавија одговор.