Помош за мигрантите кои живеат на отворено кај Велика Кладуша
Покрај импровизираните шатори, мигрантите подготвуваат храна.
Членки на Здружението на жени „Извор“ од Бужим, мал град во близина на Велика Кладуша, подготвија околу 300 оброци што им ги донесоа на мигрантите во населбата Поље.
Околу 300 мигранти во моментов живеат на ливада кај Велика Кладуша, во западна БиХ. Меѓу нив има деца и жени.
Живеат во шатори, без доволно храна, вода и медицинска помош.
Мигрантите кои немаат шатори живеат под најлони. Тие палат оган и сушат алишта во близина.
Ручек и пакетчиња за деца беа поделени со помош на австриската организација СОС Балканоруте.
Членките на здружението велат дека се шокирани од условите во кои живеат мигрантите, особено најмладите меѓу нив.
Мигрант од Авганистан подготвува традиционален авганистански леб.
Тоа е посебен вид тенок леб. Традиционално се пече на железна решетка.
Некои од жените сместени во импровизирани шатори во близина на Велика Кладуша дојдоа на оброк подготвен од членките на Здружението Извор.
Меѓу оние што чекаа на ред за ручек, повеќето беа деца. Во населбата се сместени повеќето семејства со деца од Авганистан.
Иако највисоката дневна температура изминатите денови беше околу 5 Целзиусови степени, децата ја немаат потребната облека и чевли.