Полицијата со солзавец го растури протестот на жените во Истанбул
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Жени протестираа во Истанбул за да го одбележат 25 ноември Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. Тие извикуваа слогани дека нема да се откажат од Истанбулската конвенција на Советот на Европа. Полицијата за борба против нереди, која постави барикади на крајот од улицата за да ги спречи да продолжат понатаму, употреби солзавец кога група демонстранти се обиде да ги пробие бариерите.