Поддржувачите на Алексеј Навални со митинзи ширум светот го одбележаа неговиот роденден

Демонстрант пред руската амбасада во Лондон на 4 јуни, со маска на рускиот претседател Владимир Путин и табличка на која пишува „Виновен“. Во Русија и ширум светот се одржаа собири по повод 47-от роденден на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални и третата година затвор.

Приврзаниците на Навални се собраа во Вилнус, Литванија.

Навални отслужува деветгодишна затворска казна за измама, непочитување на судот и кршење на условите за условно ослободување, обвиненија за кои вели дека биле политички мотивирани и дизајнирани да го замолчат.

Поддржувачите присуствуваа на митинг во Тбилиси, Грузија.

Навални е во затвор од февруари 2021 година, по неговото апсење еден месец претходно откако се врати од Германија, каде што се лекуваше од речиси фатално труење за кое го обвини Кремљ, а кој, пак, негираше каква било вмешаност.

Поддржувачите на митинг во Дизелдорф, Германија.

„Како и секогаш, на мојот роденден, сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што ги запознав во мојот живот. На добрите што ми помогнаа и сѐ уште ми помагаат. На лошите за тоа што моето искуство со нив ме научи нешто. Му благодарам на моето семејство што секогаш беше тука за мене!“ Навални напиша на Твитер.

Родум од Омск, Иван Куницки, излезе со постер „Слободен Навални“ во Сакраменто, Калифорнија.

Навални моментално е во казнена самица во затвор во Владимирската област, источно од Москва.
 

Демонстрантите оставија белешки со барање за ослободување на руски и белоруски политички затвореници на макетата на затворската ќелија на Навални од 2 x 3 метри на Стариот градски плоштад во чешкиот главен град Прага.

Полицаец приведува демонстрант со постер на кој пишува: „Слобода за Алексеј Навални“ на плоштадот Пушкинскаја во Москва, на одвележувањето на роденденот на затворениот руски опозииски активист.

Демонстрантка се насмевнува додека ја приведуваат на плоштадот Пушкинскаја во Москва.

Поддржувачите, отворено пркосејќи на репресијата на Путин против какво било несогласување, одржаа протести во градовите низ Русија. Групата за мониторинг на протестите, ОВД-Инфо, објави дека повеќе од 100 луѓе биле уапсени на митинзите за Навални во 23 руски градови.

Полицијата приведува приврзаници на Навални во Санкт Петербург.

 

Навални виден на екран преку видео врска за време на судското рочиште во Москва на 26 април.

Навални се соочува со дополнителни 30 години затвор во, како што вели, „апсурден“ нов случај што ќе започне наскоро. Властите го обвинија за пропагирање екстремизам, повикување на тероризам, финансирање екстремистички активности и рехабилитација на нацизмот.