Погледнете како исчезнува муралот со Навални во Санкт Петербург

Муралот го прикажувал Навални како го прави гестот на срцето кон неговата сопруга од стаклениот кафез за обвинети во судницата во Москва на почетокот на февруари, откако тој беше осуден на 2 и пол години затвор.

Поминаа само неколку часа пред да пристигне полицијата во родниот град на претседателот Владимир Путин, а властите наредија да се префарба.

Работна екипа брзо пристигна со кофи со жолта боја.

Неколкумина коментираа на Твитер дека полицијата постапила побрзо во врска со муралот отколку што постапува за насилни злосторства.

Навални беше уапсен во јануари по враќањето во Русија од Германија, каде доби третман за труење во Сибир во август 2020 година, за што ги обвини Путин и безбедносните служби на Русија. Кремљ негира каква било улога.

Во февруари, судот во Москва пресуди дека Навални ги прекршил условите за условна казна од стариот случај за проневера додека тој бил на лекување во Германија.

Затворањето на Навални предизвика бројни протести ширум Русија, кои беа насилно растурени од полицијата.

„Прекрасниот графити во Санкт Петербург со Навални беше брзо префарбан. Вака тие преобразуваат сè „живо и убаво во безлично и мртво“, напиша на Твитер адвокатот на Навални, Љубов Собол, додавајќи: „Ние ја имаме Русија за среќа, тие ја имаат за разочарување и стагнација“.