Од првичниот хаос кога Авганистанци се обидуваа да влезат во американски авиони, до смртта на 13 американски војници во минатиот четврток во самоубиствен бомбашки напад, евакуацијата од Кабул, контролиран од Талибанците, беше грда и трауматична.
Американскиот претседател Џо Бајден во телевизиското обраќање на 31 август, сумирајќи ги неодамнешните акции во Авганистан рече дека неговиот избор бил „напуштање или ескалирање“ и ја презеде „одговорноста“ за својата одлука.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Повлекувањето, рече Бајден, исто така е „за завршување на ерата на големи воени операции за обнова на други земји“. „Повеќе немавме јасна цел во мисијата во Авганистан“, оцени Бајден, додавајќи: „Ова е вистинска одлука. Мудра одлука. И најдобра одлука за Америка“.
Колку тоа политички ќе го повреди Бајден, е прашањето кое рикошетира околу Белата куќа, Конгресот и поделената нација.
Бајден им оддаде почит на американските војници убиени во Кабул
Бајден, долгогодишен поранешен сенатор и два пати потпретседател, долго се фалеше со својата експертиза во надворешната политика.
Бидејќи блиските сојузници како Британија се вознемирија поради наглото повлекување од Авганистан, а Кина почна да ја исмејува американската политика, тие тврдења сега се затемнети.
Видете и ова: По 20 години крај на војната во АвганистанНекои републиканци побараа импичмент и оставка на владата. Десничарските медиуми, како што е многу популарниот Фокс њуз, ја туркаат сликата на 78-годишниот Бајден како неспособен да се справува со кризи. Дури и обично попријателските медиуми како Си-Ен-Ен се свртеа против перформансите на претседателот во Авганистан.
Меѓутоа, многу аналитичари сметаат дека традиционалната незаинтересираност на Американците за она што се случува надвор од нивните граници, ќе го поштеди Бајден од долгорочни последици.
„Обично надворешната политика не е главна грижа, освен ако нема голема криза за време на изборите, како војна која треба да се започне“, вели за новинската агенција Франс прес Дејвид Карол, кој предава политика на Универзитетот во Мериленд, додавајќи: „Идејата дека ова е крајот на претседателството на Бајден е многу надуена“.
Домашен фронт
Со оглед на тоа што Американците се надвор од борбите во Авганистан, Бајден јасно се надева дека ќе ги насочи ресурсите на неговата администрација кон домашниот фронт.
Мрачни оценки за американските 20 години во Авганистан
Ова секогаш беше негов инстинкт, во некои аспекти и позајмување на фокусот од неговиот претходник Доналд Трамп на ставање крај на „долгите војни“ по 11 септември и наместо тоа обнова на Соединетите држави.
Видете и ова: Сенатот на САД усвои закон за инфраструктура од 1.200 милијарди долариЗа разлика од Трамп, сепак, Бајден има стратегија - амбициозен план да истури повеќе од 4 трилиони долари во инфраструктурата и социјалната мрежа во земјата.
Наспроти сите очекувања, двата пакета што се разгледуваат поминаа низ Сенатот и сега се чекаат гласови во Претставничкиот дом, дури и ако кревкото демократско мнозинство може да значи дека конечниот премин е далеку од загарантиран.
Алан Лихтман, професор по историја и политика на Американскиот универзитет, вели дека претседателите, како Роналд Реган во осумдесеттите години на минатиот век, често ги надминуваат надворешните политички кризи.
Дали Авганистан ќе го прогонува Бајден?
„Новите мостови, проширеното бесплатно образование и мрежите за полнење електрични автомобили „за шест месеци од сега ќе значат повеќе за американскиот народ отколку Авганистан“, вели Лихтман.
Политиката на САД под оган за падот на Авганистан во рацете на Талибанците
Од друга страна, планот на Бајден може да не успее да помине во Конгресот. Тој, исто така, може да ја плати цената и за делта варијантата на ковид-19, откако се чинеше дека првично ја стави пандемијата под контрола.
Џејмс Карафано, експерт за национална безбедност во конзервативната фондација Херитиџ, предупреди дека Авганистан ќе го „мачи“ Бајден. Што ако Талибанците повторно ја поканат Ал Каеда, воспоставувајќи го партнерството што го роди заговорот на Осама бин Ладен за 11 септември пред две децении? Што ако Американците кои остануваат во Авганистан бидат земени како заложници?
„Проблемот со Авганистан останува за оваа администрација. И покрај тоа што ќе се соочи со повеќе странски критики по Авганистан, Бајден, исто така, ќе најде дека неговиот авторитет дома е намален“, смета Карафано, заклучувајќи: „Мислам дека тоа всушност ќе му ги отежни домашните прашања“.