Амбициозните најави на надлежните во образованието дека подготвуваат целосна реформа на наставните програми и учебниците во основното образование, прилагодена на современите светски трендови, тешко дека ќе може битно дa ја промeнат сликатa на домашното образование на која ни се укажува во сите претходни истражувања каде македонските ученици беа рангирани под просекот.
На прашање може ли нешто да се направи во краток рок државава да ја подобри позицијата, Петар Барлаковски од Младинскиот Образовен Форум вели дека многу работи треба да се менуваат системски во образованието, додавајки дека не очекува квалитетни промени само со спојување одредени предмети и правење програма.
”Ако се случи само спојување на предмети, но методологијата на предавање и оценување е иста, не сме направиле реформи туку сме споиле три предмети во еден, без да го подобриме квалитетот на образованието. Нашите ученици се неписмени во примената на наученото знаење во конкретни реални ситуациии. Во однос на предлогот на новата министерка, за спојување на одредени предмети во еден заеднички предмет, можеби би довело до подобри резулати, но единствено ако се промани начинот на кој се изучува материјата“, вели Петар Барлаковски од Младинскиот Образовен Форум.
Тој дополнува дека не треба да се брза со промените, како и дека треба да бидат вклучени сите засегнати страни, имајќи предвид дека имаше негативни резултати претходно од реформи кои беа направени без пошироки консултации.
“Загрижува брзината на имплементацијата на реформата, не беа вклучени сите засеганати страни, а и не знаеме дали содржините ќе бидат готови до Нова година и дали наставниците кои треба да ги предаваат ќе бидат соодветно обучени”, вели Барлаковски.
Во државава во март и април треба да се одржат ПИСА тестови за дел од средношколците и ПИРЛС тестови за дел од четвртооделенците.
ПИСА тестот е меѓународен програм на процена на образовните постигнувања на учениците, а се оценува писменоста од математика и читање и знаењата од природните науки.
Претходното тестирање чии резултати беа објавени во декември минатата година покажа дека 50 проценти од учениците во државата се неписмени или полуписмени.
Професори со кои разговараше Радио Слобона Европа ни кажаа дека многу работи треба да се менуваат системски во образованието за да се рангираме подобро, а како приоритети на кои треба да се работи тие ги истакнаа лошо опремените кабинети во училиштата, ниските издвојувања во образованието, а потенцира дека е потребно и зголемување на платите на наставниците кои се најниски во регинот.
Во врска со најавите на надлежните институции дека до пролет ќе се спремаат за подобро рангирaње на македонските ученци во ПИСА меѓународните тестирања Барлаковски очекува дека предизвиците оваа година со ПИСА тестовите за жал ќе бидат исти како и досега, а тоа е општиот проблем со квалитетот на образованието, особено од аспект на примена на научените лекции надвор од училница. Тој вели дека нашите ученици учат на памет податоци кои потоа не знаат како да ги применат во животот, што пак зборува за низок квалитет на образование, но и недостиг на критичко расудување. Тоа според него придонесува да бидеме скоро секогаш ниско рангирани на овие тестирања
Видете и ова: Средношколска мисија за статус во општествотоОсврнувајќи се на тоа дека поради пандемијата со ковид-19, од почетокот на март, училиштата беа затворени и школската година се одвива претежно онлајн, од МОФ велат дека тоа е фактор кој дополнително ја отежнува состојбата со квалитетот на знаење кое го добиваат учениците.
Истражувањето што тие го направија со средношколци во април покажа дека голем дел од нив беа разочарани. Најчесто имале случаи каде професори не се појавувале, не предавале како што треба има дури и понекои предмети каде воопшто не ни го виделе професорот односно само комуницирале со него преку маил. Тоа дополнително го отежнува проблемот, но и општо состојбата со образованието, вели Барлаковски.
Обуките за ПИСА тестовите почнаа да се спроведуваат
Инаку членовите на националниот ПИСА тим најавија дека почнале да спроведуваат обуки со претставници на училиштата кои се избрани да учествуваат во пробното тестирање кое ќе се одржи во април и мај
Националната координаторка за меѓународните тестирања Бети Ламева на прес-конференција неодамна изјави дека направиле и збирки задачи и за ПИРЛС и за ПИСА, и оти се држат обуки со наставниците во четврто одделение за ПИРЛС и во прва година средно за ПИСА.
На ПИРЛС тестирањето ќе учествуваат 4 илјади четворооделенци од 150 основни улилишта од државата, а во ПИСА тестирањето ќе учествуваат три илјади средношколци на 15 годишна возраст од 50 средни училишта. Тие ќе ја претставуваат државата на меѓународното тестирање. Средношколците на компјутер ќе решаваат задачи од читање, математика и природо-научна писменост, а за основците тестирањето ќе се одвива со молив и хартија.
Без суштински реформи не се очекува големо подобрување
Владо Димов од Центарот з а образование и доживотно учење вели дека не очекува македонското образование да ја подобри видливо својата позиција на меѓународните тестирања, наведувајќи дека вистински реформите во образованието доцнат а пандемијата ги отежнува состојбите.
"Со новата гарнитура започнаа некои реформи, но не се драстични кои ќе сменат од корен нешто. Можеби не е поминато многу време за да се види резултат, но ако реформите се направеа во услови кога имаше физичко присуство можеби и ќе очекувавме подобри резултати, вака не сум оптимист", вели Димов.
Повеќе наставници, а помалку ученици
Специфичноста на ПИСА задачите
Упатените велат дека ПИСА задачите се необични, поинтресни и парaзлични од вообичаенатa школска пракса и оти бараат рaзмислување . Иксуствата од претходните циклуси покажуваат дека се случува ученици кои имаат послаби оценки во училиште да остварат послаби резултати на ПИСА тестот и обратно. Но, Димов вели дека тоа на површина го исфрла проблемот и на "билдање" на оценките во домашниот образовен систем.
"Трката за петки во мај на родителите придонесува во делот на образованието, но и во воспитанието. Ако дете знае дека родителите "ќе му ги направат оценките" зашто да се труди да учи во текот на цела година. Понатаму ако изборот нa учениците е по "мама и тато" за да се каже дека учествувале во меѓународно тестирање, тогаш имаме резултати какви што имаме, и зависи од изборот на ученици од училиштето дали се тоа ученици со знаење или со петки", вели Димов.
Царовска: Учебната година ќе заврши со хибридна настава
На последното ПИСА тестирање (Меѓународна студија која ги мери способностите и знаењата на учениците) од декември минатата година, македонските ученици се меѓу најслабите, односно се меѓу последните 15 од 77 земји во читање, математика и наука. Македонските ученици беа на 62 место по резулатите од природните науки, на 66 место по читање и на 67 место по резултатите од математика.
Македонските средношколци ПИСА тест досега полагаа и во 2000 и во 2015
Во 2015 државата беше на 68 место по математика и на 69 место по природни науки и читање.
Министерката Царовска деновиве рече дека меѓународните тестирања се значајни за позиционирање на државава во светот, дополнувајки дека тие се показател за нивото на образовниот систем, и за знаењата и капацитетите на учениците.
"Нашите ученици досега, најголем процент од нив го репродуцираат своето знаење , наспроти она што е светски тренд, а тоа е дека тие треба да се оспособат да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето или надвор од него. Токму за таков тип на образование ќе се стремиме во наредниот период. Сето ова подобрување и анализи бараат тимска работа, токму затоа во перидот кој следи, но и во моментов се случуваат подготовки за наредната година во која имаме тестирање на ПИСА и исто така имаме ПИРЛС тестирање. И наставниците треба да се мотивирани и учениците, но и родителите", рече Царовска.