Кој е мотивот да се излезе на парада в сабота ? Зошто Парада на Гордоста ?
Парадата е наше средство, метод за артикулирање на нашите политички цели во прилог на унапредување на сеопфатната клима и положба во нашето општество за оние кои се идентификуваат како ЛГБТИ. Гордоста, самиот назив Парада на гордоста значи дека ги повикуваме ЛГБТИ луѓето да ни се придружат, да ја покажат својата гордост, затоа што ние сме учени уште од мали нозе до денеска да живееме со чувство на срам, со чувство на страв, со чувство дека нешто не е во ред со нас, дека сме со дефекти. Напротив, треба да се потрудиме, да се обидеме, барем за неколку часа, на тој еден ден во сабота да бидеме слободно тие што сме, да ги изразиме слободна нашите чувства, кон тие што ги сакаме и да се чувствуваме слободни.
Што значи основната порака што ја носи Парадата на Гордоста ?
Видете и ова: ЛГБТИ активисти очекуваат ДУИ јавно да ги поддржи нивните праваГодинава Парадата на гордоста ја има пораката „Вон ѕидовите“ се одлучивме за тој слоган да се фокусираме на него, затоа што мислиме дека граѓаните можеби научија како е да се живее во четирите ѕида за време на пандемијата. Сакаме на некој начин да споделиме какво е тоа чувство да се живее внатре во четири ѕида. Напротив сакаме кога е со помал импакт пандемијата да се обидеме да излеземе вон тие имагинарни ѕидови, но многу реални за многумина од нашата заедница, и на тој начин отвораме врата и создаваме простор за сите кои што сакаат да учествуваат и да ни се придружат без никакви резерви, автентично и слободно.
Пандемијата донесе тешка година за сите македонски граѓани. Со какви дополнителни предизвици се соочија припадниците на ЛГБТ заедницата за време на пандемијата?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Покрај сите останати горливи проблеми на кои што ние не сме имуни, како што е сиромаштијата и невработеноста за време на пандемијата, ние се соочивме дополнителни проблеми како загрозување на правото на слобода и други права. Прво и основно правото на слобода од насилство, затоа што голем дел од луѓето од нашата заедница мораа и беа принудени да се вратат во домовите, во „ѕидовите“ каде што средината не е најприфатлива, не е најповолна. Ризикот од насилство во рамките на семејството или во рамките на нивното партнерството беше доста зголемен. Имавме околу 10- тина може и повеќе само ние што ги евидентиравме повици за помош во март минатата година кога почна пандемијата. Се зголемија за двојно повеќе барањата за помош за поддршка со сместување за разлика од претходната година. Проблемите со кои се соочуваа припадниците на ЛГБТИ повеќе од половина година беа зголемен ризик од насилство, зголемен број на пријави за помош и советување, затоа проблемите беа од психичка природа односно нарушено ментално здравје на самите ЛГБТИ луѓе. Како и сите останати граѓани, голем дел од луѓето кои имаат нестабилни лични приходи или нестабилни работни места, имавме проблеми со отпуштања од работни места и намалени лични приходи, како и барање за помош добивање на луѓе кои се дел од ЛГБТИ заедницата а се приматели на социјална помош и ситуацијата со ЛГБТИ Роми поради факторите кои влијаеа врз усложнување на комплексноста на нивните проблеми“.