Пандора документи: тајното богатство на светските лидери

Пандора документи, скриншот на веб-страница

Тајните на богатството на светските лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски податоци. „Пандора документите“ откриваат имиња на околу 35 сегашни и поранешни лидери, како и околу 300 судии, министри и генерали кои имаат офшор компании.

Во Пандора документите има имиња на луѓе од повеќе од 90 земји низ целиот свет, како и над 100 милијардери и познати личности. Документите кои вклучуваат електронска пошта даваат редок увид во тајниот свет на офшор финансиите и ги откриваат финансиските тајни на некои од најбогатите луѓе во светот.

Регистар на сопственици за крај на мистериозните офшор фирми

Во документите, меѓу другите, се споменува бизнисот на чешкиот премиер Андреј Бабиш, на јорданскиот крал Абдула Втори, на украинскиот премиер Володимир Зеленски, на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и на многу други.

Некои се соочуваат со обвиненија за корупција, перење пари и затајување данок. Но, едно од најголемите откритија, според Би-Би-Си, е тоа како угледни и богати луѓе легално основале компании за тајно купување недвижен имот во Британија.

Видете и ова: Европската комисија сака да удри по даночните раеви

Документите откриваат имиња на сопствениците на околу 95.000 офшор компании кои стојат зад купувањето. Повеќе од 600 новинари, вклучително и новинари од Би-Би-Си, Гардијан, Ле Монд, Вашингтон Пост и Независниот конзорциум на истражувачки новинари учествуваа во анализата на 11,9 милиони документи на офшор компаниите ангажирани од богати клиенти за да создадат офшор структури за нив.

Недвижностите на кралот на Јордан

Во документите се појавува името на владетелот на Јордан, кралот Абдула Втори, кој поседува тајна империја на недвижности вредна 100 милиони долари, што се протега од Малибу и Вашингтон до Лондон.

Документите идентификуваат мрежа од офшор компании на Британските Девствени Острови и други даночни раеви кои Абдула Втори бин Ал-Хусеин ги користел за да купи 15 куќи откако ја презеде власта во 1999 година. Тие вклучуваат три вили на брегот во Малибу во вредност од 68 милиони долари и недвижен имот во Лондон и Аско во Британија.

Истражување- огромно перење пари од руска инвестициска банка

Адвокатите на кралот Абдула изјавија дека целиот имот бил купен со лично богатство, кое тој исто така го користел за финансирање проекти за граѓаните на Јордан. Тие додале дека е вообичаена практика угледни лица да купуваат недвижен имот преку офшор компании заради приватност и безбедност.

Зграда во Лондон на синот на претседателот на Азербејџан

Документите исто така покажуваат дека семејството Алиев кое владее во Азербејџан во последниве години тргувало со недвижен имот во вредност од околу 540 милиони американски долари.

Еден од нивните имоти е продаден на британското кралско семејство, кое сега размислува за тоа како дошло да плати околу 90 милиони долари на компанија која дејствувала како покритие за семејство кое раководи со земја која постојано е обвинета за корупција.

Видете и ова: Алиев го почна четвртиот претседателски мандат

Други документи покажуваат како семејството Алиев тајно стекнало имот во Британија користејќи офшор компании. Документите покажуваат дека семејството купило 17 недвижности, вклучувајќи 45 милиони долари канцелариски простор во Лондон за 11-годишниот син на азербејџанскиот претседател Хејдер Алиев.

Зградата во Мејфер ја купи компанија што беше во сопственост на семеен пријател на претседателот Илхам во 2009 година. Еден месец подоцна беше префрлена на неговиот син Хејдер.

Путин не е во документите, но...

Името на рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД се сомневаат дека има тајно богатство, не стои во досиејата. Но, се појавуваат имињата на неговите многубројни соработници, вклучувајќи го и неговиот најдобар пријател од детството, покојниот Питер Колбин, кого критичарите го нарекоа „паричник“ на богатството на Путин, како и името на жената со која рускиот лидер наводно еднаш бил во романтична врска.

Премиерот на Чешка има замок на југот на Франција

„Пандора документите“ се закануваат дека ќе предизвикаат политички проблеми за двајцата лидери во Европската унија. Премиерот на Чешка Андреј Бабиш се соочува со прашањето зошто користел офшор инвестициска компанија за да купи замок вреден 22 милиона долари на југот на Франција.

Запознајте го „сиромашниот италијански архитект“ кој ја дизајнираше „палатата на Путин“

И на Кипар, кој сам по себе е контроверзен офшор центар, од претседателот Никос Анастасијадес може да се побара да објасни зошто неговата адвокатска фирма е обвинета дека ги крие имотите на контроверзен руски милијардер зад имињата на лажни сопственици на компании.

Видете и ова: Чешкиот премиер Бабиш нема да поднесе оставка

Фирмата негира каков бил криминал додека претседателот на Кипар вели дека престанал да игра активна улога во бизнисот откако стана лидер на опозицијата во 1997 година.

Претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ и неговиот син


Документите, кои ќе бидат објавувани во наредните денови, покажуваат голем број офшор-договори, во кои учествуваат и поединци од Западен Балкан. Објавени се текстови во кои се зборува за министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, и начинот на кој тој стекнал 24 стана во Бугарија.

Објавен е и текст во кој се наведува дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син ја скриле сопственоста на својот недвижен имот преку комплексна мрежа од поврзани компании од повеќе земји и офшор-области.

Видете и ова: Руски тајкун приведен во Црна Гора

Мило и Блажо Ѓукановиќ во 2012 година склучиле тајни договори за управување со нивниот имот, криејќи се зад мрежа од поврзани компании од Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар. Синот на претседателот на Црна Гора ја искористил таа структура за да формира две скриени компании со фирми-ќерки во Лондон и Црна Гора.

Се споменува и кумот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и поранешен директор на Електричната мрежа на Србија, Никола Петровиќ, и се наведува дека скриен зад офшор-фирма ја купил авиокомпанијата на Станко Суботиќ, за само 100 илјади евра.

Ова е најновото во серијата големи истекувања на податоци кои ги покажуваат тајните дејствија на офшор компании. Претходно тоа беа Панама документите во 2016 година и Рајските документи во 2017 година.

Во споредба со овие претходно откриени финансиски офшор документи, Пандора документите се најобемни, а новинарите вклучени во истражувањето работеа на тоа 18 месеци.