Паметна инвалидска количка - иднина за емпатична заедница
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тим студенти и средношколци, наречен From Zero to Hero, создадоа прототип за паметна инвалидска количка. Предвидуваат нивната технологија да се вградува во постоечки колички и да има ниски достапни цени. Количката ќе се движи со очила на кои има веб камера, за да може лицето со физичка попреченост да ја движи количката со поглед. Покрај тоа, ќе има и вграден мониторинг систем за здравјето и менталната состојба на лицето. Проектот го создадоа на младинскиот предизвик „Generation Unlimited“, организиран од УНИЦЕФ. Која е нивната порака?