Јавното обвинителство не постапува во моментов по допрен глас во врска со обвинувањата во јавноста за владиниот генерален секретар Драги Рашковски, велат денеска за РСЕ оттаму. Тие објаснуваат дека засега ги следат будно случувањата и настаните и доколку се утврди елементи на сторено кривично дело, Обвинителството ќе постапи согласно законските надлежности. Во меѓувреме, порталот „Лидер“ објави нова „бомба“ во која ,според толкувањето на медиумот, се слуша дека Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ,затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран.
Од Антикорупциската комисија најавија детална истрага за случајот со набавката на радарски систем за Контрола на летање, односно М-НАВ, каде што главниот фокус ќе биде улогата на владиниот функционер Рашковски и неговата улога во потпишувањето на договорот во вредност од 7 милиони евра со италијанската компанија „Леонардо“.Тие веќе ги побарале документите од М-НАВ за набавката. Комисијата ќе ги истражува и причините зошто договорот со компанијата Леонардо, е потпишан во 2018, две години откако фирмата е избрана да го изгради новиот радарски систем.
Видете и ова: Ни закон над нив, ни морал во нивОд М-НАВ се огласија со соопштение дека со објавата на делови од прислушувани разговори јавноста се доведува во заблуда и дека се нанесува штета на угледот, но и дека ќе соработуваат со сите истражни органи и дека ќе ги достават сите барани документи во постапките кои се водат или ќе бидат водени.
Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати досега побараа оставка од Рашковски и реакција од Јавното обвинителство.
Аналитичарите сметаат дека нефункционирањето на системот им остава простор на политичарите да прават нешто во своја корист, надевајќи се дека нема да бидат казнети ако се огрешиле.
Професорот по социологија, Илија Ацески, вели дека поднесувањето оставка на функционерите од морални причини, во земјава е реткост. Причините за тоа е што политичарите сфатиле дека системот тоа им го дозволува.
„Шансите за такво нешто уште долго ќе бидат мали, се до оној момент додека не ги видиме тие елементарни претпоставки во системот дека ако направите нешто вие ќе бидете санкционирани по секоја цена, без разлика на вашата партиска или политичка припадност или пак позиција“, објаснува Ацески.
Видете и ова: Заев – Рашковски не е боксерска вреќа, има право да се браниВо последното соопштение, ВМРО -ДПМНЕ го охрабруваат Обвинителството да постапуваат по документите кои им ги доставиле.
„Обвинителството мора да го истражи овој случај, обвинителот Љубомир Јовевски мора да го надмине стравот и да постапи согласно законите, а не согласно директивите дадени од Зоран Заев. Зоран Заев мора да му врачи оставка на Генералниот секретар на Владата, Рашковски, доколку тоа не се случи Рашковски од позиција на моќ може да влијае врз сведоците и истрагата“ ,вели Наум Стоилковски портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Премиерот Зоран Заев пак, неодамна изјави дека му трева време првода ги слушне разговорите и да ги погледне аргументите, па потоа ќе одлучи дало треба да побара оставка од Рашковски.
Рашковски претходно изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата. Тој посочи дека аудио записот на кој, според ВМРО-ДПМНЕ, се докажувало местење на тендер за набавка на радарски систем финансиран од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР) е даден на вештачење.
Францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние во интервју за РСЕ вели дека е зачуден што политичкиот живот во земјава функционира се уште под ритамот на прислушувањето.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Во однос на генералниот секретар ќе кажам дека е неопходна транспарентност во економскиот живот, особено кога станува збор за тендери, ќе треба јас по тоа да го поттикнам интересот на француски претпријатија да бидат присутни овде, тоа врз база на практика која ќе стави крај на минатото, затоа што знаеме која е појдовната точка во оваа област, но исто така знаеме и дека треба да се прекине со такви практики“, вели Тимноние.