„Отровни колбаси“: туркменските власти обвинети за убивање домашни миленици

Архивска фотографија - Претседателот на Туркемнистан, Гурбангули Бердимухамедов, покажува алабаи куче

Анонимно, жители на Ашхабат за РСЕ изјавија дека општински работници подмитиле дури и локални тинејџери „да фрлаат храна со отров “, најчесто леб или колбаси, на мачки и кучиња за да ги убијат животните

Жителите на главниот град на Туркменистан, Ашгат, велат дека властите ја интензивираа суровата кампања за убивање бездомни кучиња и мачки - и безгрижно убиваат семејни миленици - во пресрет на новиот државен празник за легендарната раса кучиња Алабаи од Централна Азија.

Претседателот Гурбангули Бердимухамедов неодамна ја прогласи последната недела во април за Ден на кучето Алабаи во чест на расата наречена „уништувачи на волци“. За алабаисот од оваа меѓународно позната раса овчарски кучиња од Централна Азија, одгледувачите сметаат дека е тивок, вреден и бестрашен пред големите предатори.

Иако велат дека неодамнешната операција за сегрегирање на животни првенствено била насочена кон скитници, жителите се пожалиле на РСЕ дека општинските работници одземаат и кучиња и мачки кои се домашни миленичиња, а случајно се нашле надвор на улица за време на „чистењето“. Тие велат дека во областите далеку од центарот на Ашхабат, работниците , некогаш облечени во униформи, а други пак како цивили - честопати „напаѓаат“ високи станбени згради во потрага по кучиња и мачки.

Видете и ова: Почнува потрагата по нафта во еколошката Црна Гора


Жителите велат дека мртвите животни уништени од вакви одреди се фрлаат на градските депонии.

Тие забележуваат дека раскошна област околу улицата Нурмухамед Андалиб, која е темелно „исчистена“ од скитници во последните неколку недели, синот на претседателот, Сердар Бердимухамадов, ја минува секој ден кога оди на работа. Тој е исто така шеф на Меѓународната асоцијација Алабаи. Постојат шпекулации дека наследникот на Бердимухамедов е подготвен да го наследи својот 63-годишен татко на врвот на тајниот авторитарен режим на поранешната советска република.

Во февруари, Сердар беше назначен за заменик-премиер и шеф на Врховната контролна комора, чие седиште е на блискиот плоштад Махтумкули. Меѓу другото тој исто така стана член на Советот за државна безбедност.

Туркменските власти постојано одбиваат да одговорат на прашањата од Радио Слободна Европа и од други независни медиуми.

Меѓународното здружение Алабаи ќе ги надгледува прославите следниот месец. Настаните ќе вклучуваат натпревар за убавина на кучиња и натпревари за агилност поради поплаки дека парите подобро ќе се потрошат за подобрување на животот на граѓаните.

Мнозинството од околу 6 милиони луѓе во земјата живеат во сиромаштија.

Американската Одгледувачница ги опишува овчарските кучиња од Централна Азија како „најстарата позната група кучиња што постои до ден денес“, но „за разлика од повеќето раси денес, тие не се вештачки создадени или создадени од одредена личност или земја“.

Ваквите описи не ја спречија администрацијата на Бердимухамадов во своите цели.

Таргетирање на домашни миленици

Анонимно, жителите на Ашхабат за РСЕ изјавија дека општинските работници подмитиле дури и локални тинејџери „да фрлаат храна со отров “, најчесто леб или колбаси, на мачки и кучиња за да ги убијат животните.

Видете и ова: Грција постила ќилим за добредојде на туристите


Еден жител на Ашхабад тврди дека ловџиите на кучиња намерно таргетираат домашни миленици. „Тие оставаат отруени колбаси и риби во областите каде што луѓето шетаат со своите кучиња или ја бутаат отруената храна под вратите на домовите на сопствениците на миленичиња“, рече тој за РСЕ.

Туркменистан долго време беше критикуван за неговите безмилосни методи за отстранување на бездомните животни во Ашгабат и останатите градови.

Повеќе очевидци го опишуваат ловот на кучиња . Раскажуваат како се брутално напаѓани со метални прачки за време на улични рации . а потоа ги фрлат нивните тела во пикап за да ги фрлат на градските депонии.

Дел од убивањето се случува пред очите на локалните жители, вклучително и деца, велат очевидци. Во еден познат инцидент во 2019 година, работниците од Ашхабат, наводно, во присуство на деца , претепале до смрт кучка и нејзините кученца кои биле во двор на детска градинка.

Очевидци и активисти споделија фотографии и видеа од, како што велат, одреди на лов на кучиња и убивање животни.

Среде тешките економски времиња во Туркменистан и регионот, исто така има извештаи дека сè поголем број домашни миленици се напуштаат, бидејќи сопствениците велат дека не можат да се грижат за нив и да ги хранат.

Државните медиуми го прикажуваат претседателот Бердимухамедов како страствен љубител на животни, кој честопати се во јанвоста се појавува со кучиња или јава на реномираните туркменски коњи познати како Ахал Теке.

Бердимухамедов со кученце од расата алабаи


Бердимухамедов дури и посвети книга на расата алабаи, кои официјално се наведени како национално наследство на оваа централноазиска земја.

Во 2017 година, на видео снимка покажа како туркменскиот претседател во воздух држи за врат мало кутре алабаи покажувајќи му го на Путин. Минатата година во Ашгабат беше поставена шест метарска златна статуа на алабаи .Владата,пак во септември 2019 година исто така, отвори специјално засолниште за кучињата во провинцијата Ахал.

Минатиот месец, туркменската влада воведе нови медали - „Почитуван одгледувач на кучиња“ и „Одгледувач на кучиња“ , во чест на оние кои дале значителен придонес во индустријата за одгледување алабаи, пишуваат државните медиуми. Како и наградата храбар алабаи на годината, стои во извештаите.

Државните медиуми велат дека скиците на предложените медали биле испратени до претседателот Бердимухамедов за одобрување.