Откриено најстарото фигуративно уметничко дело во светот?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пештерската слика на индонезискиот остров Сулавеси, која е стара околу 44.000 години, најверојатно е најстариот сликовен запис на раскажување приказни, велат истражувачите од Универзитетот Грифит.
Пештерската слика со сцена од лов, откриена во Индонезија, би можела да биде најстарото фигуративно уметничко дело во светот, покажало најновото истражување на тим од австралискиот Универзитет Грифит. Пештерската слика, која е стара околу 44.000 години е откритие што укажува на напредна уметничка култура, велат од Универзитетот за специјализираното списание „Нејчар“, што го цитира агенцијата АФП. Сликата во пештерата на островот Сулавеси, која е широка 4,5 метри, во моментов, е најстариот сликовен запис во светот.

„Никогаш не сум видел вакво нешто порано. Видовме стотици карпести локации во овој регион, но никогаш не сме виделе нешто како ловна сцена“, вели археологот Адам Бром од Универзитетот Грифит за „Нејчр“.

Долги години се сметаше дека пештерската уметност се појавила во Европа, но истражувањата на сликите во индонезиските пештери одат во правец да го демнатираат тоа.