Отворени граници - Спуштени рампи
ЕУ - Европската унија денеска ја одбележува 25-годишнината од нејзиниот Шенгенскиот договор за отворање на границите со затворање на сите свои копнени граници или со силни проверки поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, објави Ројтерс.
МАКЕДОНИЈА - Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. Нови случаи на заразени има во Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1) и Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус, денеска до 12.00 часот, изнесува 201 лица, објави Министерството за здравство на својата официјална Фејсбук страница.
МАКЕДОНИЈА - Според евиденцијата на МВР, во изминатите 24 часа, 25/26 март, на територијата на државата 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ТУРЦИЈА - Турција ќе ја надмине епидемијата со коронавирусот за две до три недели преку добри мерки, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган, во момент кога Анкара го продолжи затворањето на сите училишта до 30 април.
САД - Американскиот Сенат со големо мнозинство го одобри историскиот предлог-закон за итни случаи од два трилиони долари за рестартирање на американската економија и помош на здравствениот сектор во неговата битка да го спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот. По гласањето во Претставничкиот дом, закажано за 27 март, законот ќе биде испратен до претседателот Доналд Трамп, кој рече дека брзо ќе го потпише.
ШПАНИЈА - Шпанскиот Парламент ја продолжи вонредната состојба за две недели поради пандемијата на коронавирусот. Мерката беше изглаана откако во Парламентот беа физички присутни помалку од 50 пратеници од вкупно 350, а другите гласаа од дома.
РУСИЈА - Руската влада нареди прекин на сите редовни и чартер летови во и надвор од земјата од 27 март, за да го спречи ширењето на пандемијата на коронавирус.
ИРАК - Ирачката армија соопшти дек двe ракети денеска ја погодиле Зелената зона во Багдад, пренесе новинската агенција АП. Се претпоставува дека можна мета на нападот била и Амбасадата на САД, која се наоѓа на стотина метри јужно од каде паднале ракетите.
САД - Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер издаде наредба за запирање на движењата на американската војска во странство во наредните 60 дена, во обид да го ограничи ширењето на коронавирусот.