Односите ЕУ-Западен Балкан заглавени во рутина

Западен Балкан и ЕУ

Да се слуша како Европската унија пристапува кон Западен Балкан е малку како да сте заглавени во просторија со изгребана плоча, која ја свири истата стара мелодија. Тоа е истиот сладок рефрен кој ветува прекрасна иднина заедно - но „каде“ и „кога“ допрва треба да се утврди. Блог на Рикард Јозвијак

Тоа беше во Солун во 2003 година, кога лидерите на ЕУ за прв пат изјавија дека земјите од Западен Балкан еден ден ќе станат членки на ЕУ - тие имаат, како што рекоа, „европска перспектива“.

18 години потоа на априлскиот Совет за надворешни работи на ЕУ во Брисел заклучоците беа потполно исти - регионот има европска перспектива. И, за попрецизно мерење, беше додадено дека ЕУ мора да го засили својот ангажман со тамошните земји.

Во Брисел состанок за Западен Балкан- причина се сериозните потешкотии на регионот

Секако, може да се каже дека имало напредок во овие години. Словенија и Хрватска ѝ се приклучија на ЕУ, а други како Србија и Црна Гора се приближуваат до членството - иако со темпо на полжав.

Видете и ова: Владеењето на правото клучен за влез на Србија и Црна Гора во ЕУ

Но, останува тажен фактот дека последните десетина години оставија многу да се посакува кога се во прашање односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. И има секоја причина да се плашиме дека 2020-тите може да бидат уште една изгубена декада.

Причината за овој песимизам може да е содржана во нешто што се случи ден по Советот за надворешни работи на ЕУ. Нема никаква врска директно со Западен Балкан, туку со сè она како навистина функционира политиката во Унијата.

Станува збор за интервју дадено за француската телевизија на 11 мај од поранешниот главен преговарач на ЕУ за Брегзитот, Мишел Барние. Барние, чија долга кариера вклучува и функции како европски комесар и министер во неколку француски влади, ги потресе ходниците во Брисел.

ЕУ министри бараат - вратете го Западен Балкан на дневен ред

Тој сугерираше дека Франција треба до пет години да ја прекине имиграцијата надвор од ЕУ и дека Париз треба активно да работи на заострување на надворешните граници на Шенген зоната. Тој притоа направи врска помеѓу имиграциските текови кон Европа и терористичките мрежи.

Ништо од стариот европски државник кој ги возвишуваше доблестите на толеранцијата и отвореноста на Унијата. На негово место сега е прилично опортунистички политичар кој се гледа од агол на гласачите на Марин Ле Пен пред претседателските избори во Франција на пролет 2022 година.

поранешниот главен преговарач на ЕУ за Брегзитот, Мишел Барние

70-годишникот играше со идејата да трча на билетот на десниот центар, но досегашните анкети на јавното мислење сугерираат дека тоа нема да им одговара на Ле Пен и на актуелниот претседател Емануел Макрон, бидејќи многумина сметаат дека е премногу центрист и благ.

Дали ова беше можеби последниот очаен обид повторно да биде актуелен во неговата татковина?

Во секој случај, оваа епизода покажува две работи што се штетни за аспирациите на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

Макрон: Европа да биде солидарна со Балканот и Африка против ковид-19

Прво, тоа демонстрира дека меѓу европските политичари сè уште постои стара традиција да се каже едно нешто во Брисел, а потоа нешто радикално поразлично во националните метрополи за да се задоволат локалните вкусови.

И второ, и можеби уште поважно, новото лице на Барние ја покажува моменталната политичка клима во една од клучните членки на Унијата. Тоа надвор не дава многу оптимизам.

Наместо тоа, станува збор за градење на „Тврдина Европа“ - и Французите не се сами на овој пристап. Всушност, комбинацијата од двете дава целосен приказ за Унијата кога станува збор за Западен Балкан.

Видете и ова: Сервер: ЕУ неразумно ги одложи преговорите со С. Македонија и Албанија

Португалското претседателство со ЕУ очигледно работи со полна пареа за да може да ги отвори разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија пред нејзиното претседателство да заврши на 1 јули, но нема индикации дека Бугарија ќе попушти. Софија е во средина на нова предизборна кампања и нејзиниот јазик и историја се поврзани со одолговлекувањето на Скопје.

Косово ги исполнува сите услови за визна либерализација според Европската комисија, но неколку земји-членки на ЕУ сè уште немаат апетит да го испорачаат тоа. Секогаш, има некои избори некаде во блокот, што се многу поважни од потребата да им се даде зелено светло на земјите од Западен Балкан.

На крајот, европските институции ќе прибегнат кон она што секогаш го прават кога има вакви прашања - состаноци. Веќе е решено дека Западен Балкан треба почесто да се наоѓа на агендата на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Борел ќе ги покани сите лидери на шесте земји на вечера следната недела во Брисел, а постои можност да има самити ЕУ-Западен Балкан секоја година. Откако Хрватска беше домаќин на еден во 2020 година, ќе има уште еден во Словенија подоцна оваа година, а и Чешка покажа интерес да биде домаќин во 2022 година.

Најверојатниот исход од сите овие собири е истата стара декларација за европската перспектива на регионот. Само не прашувајте „каде“ или „кога“.