Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи, бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски не беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“, како и на барање на адвокатите, поради моменталната состојба со корона вирусот.
Јовановски не беше спроведен до Кривичниот суд, бидејќи пред два дена во затворот починал 47-годишен притвореник, кој бил заразен со коронавирусот.