Од Стоунвол до Скопје: Битката за ЛГБТ правата низ светот

"Стоунвол Ин" во Њујорк и репродукција на изданието на Њујорк пост на 29 јуни 1969 година, кое објави за полициската рација што доведе до немири во Стоунвол. Серијата спонтани демонстрации од страна на припадниците на геј и лезбејската заедница против полициска рација на хотелот се смета за почеток на движењето за ЛГБТ правата во САД.
 

Демонстрантите пред Градското собрание на Њујорк на 10 јуни 1970 година, повикаа на прекин на дискриминацијата на геј и лезбејките. Членови на Алијансата на геј активисти ја спонзорираа демонстрацијата, со транспаренти на кои пишуваше „Геј е добар“ и „Америка, порасни“.

Марш на Денот на геј слободата во Сан Франциско на 26 јуни 1977 година.

30-годишен холандски демонстрант прикажува знак на кој пишува: „Мило ми е што сум геј“ за време на маршот во Франкфурт, Германија, на 28 јули 1979 година, со кој заврши еднонеделната хомосексуална средба. 

Луѓе слават во населбата Гринвич во Њујорк, откако беше усвоен законот за геј правата на 20 март 1986 година.

Непозната организација објави стотици постери во кои се вели „Не, не, не на хомосексуалноста“ во центарот на романскиот главен град Букурешт, на 13 октомври 2000 година.

Српската полиција се судри со неколку стотици националистички насилници кои фрлаа со камења и ги нападнаа геј активистите во Белград на 30 јуни 2001 година.

Две молдавски лезбејки на тивкиот протест во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 27 април 2007 година, откако властите забранија јавна манифестација на ЛГБТ групата.

Активист за геј права во Белорусија за време на првиот санкциониран митинг за геј, лезбејската и бисексуалната гордост во близина на Министерството за правда во Минск на 14 февруари 2011 година.

Полицијата уапси активист за геј права по судирите со православните христијани во грузиската престолнина, Тбилиси, на 17 мај 2012 година. Десетици ЛГБТ активисти кои маршираа на улиците за да го одбележат Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, беа запрени од членовите на црквата.

Свјатослав Шеремет, шеф на Геј Форумот на Украина, е нападнат во Киев на 20.05 2012 година, по состанокот со новинарите за да ги извести дека закажаната Парада на гордоста е откажана.

Руски активист за геј права со постер на кој пишува „Љубовта е посилна од хомофобијата!“ додека седи во полициско комбе по притворот за време на неовластениот митинг за геј права во центарот на Москва, на 25.05.2013 година.

Околу 2.000 полицајци беа распоредени за да ги заштитат 150 ЛГБТ активисти, кои маршираа во првата Парада на гордоста во главниот град Подгорица, на 20 октомври 2013 година. Противниците се обидоа да го спречат маршот.

ЛГБТ активисти на митинг во Санкт Петербург, Русија, на 17.05.2013 година.

Украинската полиција уапси демонстрант за време на геј-парадата на гордоста во Киев на 12 јуни 2016 година.

ЛГБТ активисти во Косово маршираат за време на првата геј-парада во Приштина на 10 октомври 2017 година.

Украинската полиција ги чува учесниците на Маршот за еднаквост организирана од ЛГБТ заедницата во Киев на 23 јуни 2019 година.

Членови на ЛГБТ заедницата маршираат во првата геј-парада на геј-гордост во Северна Македонија во Скопје на 29 јуни 2019 година.

Луѓе со знамиња на виножитото додека маршираат во првата босанска Парада на гордоста во Сараево на 8 септември 2019 година.