Од премиерската фотелја до бунга-бунга забавите: Берлускони низ фотографии

Човек поминува покрај мурал на уличниот уметник „Хари Греб“ кој го прикажува лидерот на партијата на Форца Италија, Силвио Берлускони како филмскиот лик Терминатор, во уличка во центарот на Рим на 18 јануари 2022 година.

Берлускони како пратеник во Европскиот парламент „дреме“ на сесијата за гласање за избор на новиот претседател на Европскиот парламент за време на првата пленарна сесија на новоизбраното Европско собрание во Стразбур, Франција, 3 јули 2019 година

Активистка на Фемен скокна на маса пред Силвио Берлускони, лидер на десничарската партија Форца Италија, за да протестира топлес со порака испишана на телото: „Берлускони, ти помина рокот“ на избирачко место во Милано, 4 март , 2018 година

Лидерот на Форца Италија, Силвио Берлускони ја брише потта челото на од лидерот на Северната лига, Матео Салвини за време на состанокот во Рим, Италија, 1 март 2018 година

Комбинирана фотографија ги прикажува премиерот Силвио Берлускони (L) и Мароканката Карима Ел Махруг. Бунга-бунга забавите кои се поврзуваа со берлускони сериозно ја стресоа неговата политичка кариера.

Берлускони ги затвора очите во гест кон насобраните за време на митинг во знак на протест против неговата пресуда за даночна измама, пред неговата палата во центарот на Рим, 4 август 2013 година

Берлускони поздравува војнички во гостување на ТВ РАИ, 20 февруари 2013

Берлускони покажува стар весник со Сталин на насловната страница, за време на неговата прес-конференција на крајот на годината во Рим, 23 декември 2005 година

Уметниците Антонио Гаруло (десно) и Марио Оточенто гледаат нпостановка на ивната изложба насловена „Сонот на Италијанецот“, која се состои од восочна фигурина што го претставува поранешниот премиер Силвио Берлускони како мртов, во палатата Ферајоли во Рим, 29 мај 2012 година.

Берлускони со поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Рим, 5 октомври 2011

Берлускони со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи по воената парада за прослава на 150-годишнината од обединувањето на Италија, Рим, 02 јуни 2011

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон (Л) се ракува со италијанскиот премиер Силвио Берлускони за време на состанокот во палатата Чиги во Рим, 05 мај 2011 година

Берлускони (Л) го поздрави францускиот претседател Никола Саркози пред самитот во Вила Мадама во Рим, 26 април 2011 година

Берлускони ги покажува забите за време на прес-конференција во палатата Чиги во Рим, 09 февруари 2011 година

Берлускони разговара со францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел за време на прес-конференцијата, Елисејската палата, 04 октомври 2008 година

Рускиот ретседател Владимир Путин со италијанскиот премиер Силвио Берлускони на прес-конференција во Липецк, 21 април 2004 година

Принтскрин фотографијата го прикажува премиерот Силвио Берлускони откако беше нападнат во Милано, 13 декември 2009 година

Претседателот Александар Лукашенко го пречека италијанскиот премиер Силвио Берлускони во Минск, 30 ноември 2009 година

Берлускони и неговата сопруга Вероника Ларио, 04 јуни 2007 година

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и италијанскиот премиер Силвио Берлускони учествуваат на заедничка прес-конференција во палатата Чиги во Рим, 13 ноември 2009 година

Берлускони со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш на заедничка прес-конференција во Рим, 12 јуни 2008 година

Берлускони со поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во Рим, 10 јуни 2009 година

Берлускони меѓу учесниците на самитот Г-20 се фотографира во Лондон, 02 април 2009 година

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави италијанскиот премиер Силвио Берлускони на почетокот на самитот на Групата осум (Г8) во Аквила, 08 јули 2009 година

Групна фотографија на лидерите на Г5 и Г8 на самитот на Г8 во Акила, 09 јули 2009 година

Премиерот Реџеп Таип Ердоган со неговите руски и италијански колеги Владимир Путин и Силвио Берлускони во Анкара, 06 август 2009 година