Од автопатот кон Косово завршено е само промотивното видео
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Од долго најавуваниот автопат од Скопје до границата со Косово, завршено е само промотивното видео како би изгледал. Веќе трета година се гради првата, полесна, делница од 2 километри која според првичните најави веќе требаше да биде „разгазена“. За покомплицираната делница од 10 километри засега има само план. Патот кон Косово има по една лента во двата правци, еден неосветлен тунел и е полн со крпеници.