Обединети градинари, „Бостание“ прават

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дел од паркот „Лисиче“ во населбата Ново Лисиче е редовна станица за дел од жителите на Скопје кои немаат услови да градинарат дома, или оние кои градинарат дома, но сакаат да градинарат повеќе и заеднички. Опција за индивидуално и заедничко градинарење им нуди првата урбана општествена градина во Скопје - „Бостание“. Градината е резултат на проектот на здружението на граѓани „Зелената Арка", насловен „Развивање на прва урбана градина во град Скопје“, а финансиран од Град Скопје.