Ново рочиште за „Рекет“ - Обвинителката Фетаи како сведок

Обвинителката Фатиме Фетаи

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ со сведочење на поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи. Вчера сведочеше и нејзиниот колега Гаврил Бубевски.

Освен Бубевски и Фетаи, Јанева за сведоци ги предложи и обвинителите Трајче Пеливанов, Ленче Ристоска и Артан Ајро.

Во случајот „Рекет", освен Јанева, која е во домашен притвор, обвинет е и Бојан Јовановски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка.