Нов земјотрес во Хрватска - Епицентарот во Петриња
Спасувачките екипи и жители на градот Петриња ги ослободуваат затрупаните автомобили за да проверат дали има некој заглавен внатре.
На локалните екипи во Петриња на помош им се приклучиле и екипи од Хрватскиот Црвен крст, армијата, пожарникари...
Голем дел од куќите и старите згради во Петриња се разурнати и, како што денеска изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, градот не е безбеден.
Сеизмолошка мапа на Петриња, град на 46 километри од Загреб, каде бил епицентарот на денешниот земјотрес.
Жител на Загреб во својот двор во кој паднале ќерамидите од куќите по вчерашниот и денешниот земјотрес. Освен во хрватската престолнина, денешниот земјотрес бил силно почувствуван и други делови на Хрватска, па дури и во Босна и Херцеговина и во Србија.
Полицијата денеска обезбедуваше делови од Загреб каде имаше одрони од зградите паднати на улиците и тротоарите од денешниот земјотрес.
Иако земјотресот во Загреб бил со послаб интензитет отколку во епицентарот во Петриња, на не мал број згради била причинета материјална штета.
Веднаш по земјотресот, жителите на хрватската престолнина ги напуштиле домовите и работните места и излегле надвор.
Хрватските власти апелираа до граѓаните додека се надвор поради земјотресот, да ги почитуваат мерките против ширењето на ковид-19.
Сеизмолошка мапа од Хрватска објавена од Геолошкиот ценатр на САД по денешниот земјотрес во Хрватска.
Местата со најзилна земјотресна амплитуда обележани на сеизмолошка мапа објавена од Геолошкиот центар на САД по денешниот земјотрес.