Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн соопшти дека во престрелки во две џамии во градот Крајстчрч загинале 40 луѓе, а најмалку 20-тина се ранети.
„Јасно е дека ова е терористички напад“, изјави Ардерн.
Подоцна полицијата во Нов Зеланд соопшти дека 49 луѓе биле убиени.
Еден маж, кој бил во џамијата, им изјави на медиумите дека напаѓачот бил белец со светла коса и оти носел панцир. Упаднал во џамијата во време на молитва.
„Имаше голема пушка, влезе и почна да пука насекаде во џамијата“, изјави Ахмад Ал Махмуд.
Претходно полицијата соопшти дека има многу жртви во масовната престрелка и оти најмалку 4 лица се приведени. Во соопштението се предупредуваат граѓаните да останат во своите домови и да не посетуваат џамии каде било на Нов Зеланд. Според полицијата, засега не е познато дали имало и други луѓе вмешани во престрелката во овој град со околу 375 илјади жители.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На неколку места во градот биле најдени импровизирани експлозивни направи.
Австралискиот премиер Скот Морисон потврди дека еден од уапсените осомничени е автралиски државјанин.
Мажот, кој ја превзема одговорноста за нападот, во манифестот вели дека е 28-годишен автралиец, кој дошол во Нов Зеланд само за да го подготви нападот.
Во видеото, кое се појави на интернет, наводниот напаѓач сам се снима во автомобил, а почетокот на видеото се слуша српска четничка музика.