Никој не мисли на народот - вие коментирате

Луѓе со заштитни маски поради Ковид-19 на Камени мост во Скопје

Има луѓе на кои бизнисот им зависи од патувањата во европските земји. А вие продолжете да сте негативни. се наведува во еден од коментарите на нашите читатели на социјалните мрежи за информациите за спиокот на земји чии граѓани ќе можат во Унијата поради нивната стабилна епидемиолошка состојба.

„Регулаторната енергетска комисија треба да ја определува и цената на водата затоа што не е под политички притисок како повеќето јавни претпријатија“, вели претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски, во неделното интервју за РСЕ. Покрај другото Бислимоски во интервјуто одговара и на други прашања на нашиот новинар во врска цените на струјата, водата, парното, за броилата и ранливите категории граѓани, за стратегиите. Коментарите се негативни и критички, со лични навреди, а такви, познато ви е, почитувани, не цитираме. За денешниот преглед издвојуваме само два. Зоран Достиноски прашува: „А за воздухот кога?“ Боби Трпковски, пак, разочарано: „И СДСМ и ВМРО не мислат за народот“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бислимоски – Новата цена на струјата ќе се знае за десетина дена


Информацијата декаграѓаните на Северна Македонија, Албанија и на Србија може да патуваат во државите членки на Унијата бидејќи епидемиолошката состојба со ковид-19 во нив се смета за стабилна, како што реши Советот на ЕУ, не предизвикала ниту еден ваш коментар. Но затоа, претходната информација дека ЕУ ќе го усвојува списокот на земји чии граѓани можат да патуваат во Унијата како да не им е важна на некои од посетителите на нашата ФБ страница, па веста ја дочекуваат со прилично непримерни коментари, подбивни, со пцовки, навреди за државите на ЕУ и за самата Унија... Никола Булески со својот пост им одговара на сите: „Какви дебилни коментари. Има луѓе на кои бизнисот им зависи од патувањата во европските земји. А вие продолжете да лаете“.

Видете и ова: На излезот од пандемијата: младите сè уште ниско на листата на општествените приоритети


Дефинитивно најмногу коментари има по текстот на европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски каде што напишал дека, цитирам,„Македонија е една, таа е бугарска и од двете страни на вештачката граница живее една нација“. Од македонската Влада одговараат: „Сите дејствија на кој било чинител што одат спротивно од дијалогот, се дејствија против добрососедството и против пријателството“. Соња Павловска потсмешливо: „Не бе, цел Балкан е бугарски, хахаха, сите имаме ист јазик и се разбираме... а цела Бугарија е МАКЕДОНИЈА...“ Димитар Кацарски му се обраќа на Џамбаски: „Ти човеку живееш во камено доба“, а Аце Костески се исчудува: „Овој претставник во Европа, цццц...“ Бранислав Спасиќ коментира: „И ние со овие сме потпишале добрососедски договор, што ќе беше да го немавме... поарно ќе беше да зајко да не потпишува, ќе си бевме раат“. Александар Митревски забележува со жалење: „Џамбаски нешто романтичен сиротиот“. А Идриз Зењили вели: „Не му замерувајте на човеков, наместо да речит Бугарија е македонска, тој обратно кажа“. Драгица Донева лапидарно: „Гладна кокошка просо сонува“.