Низ фотографии: Русија гори во мистериозни пожари

Пожар во складиште за нафта во Кстово, во руската област Нижни Новгород, на 22 март. Седум резервоари за складирање дизел гориво, наводно, биле зафатени во пожарот.

Огнени топки над складиште за нафта во Белгород, руски град кој се наоѓа на 30 километри од границата со Украина, на 1 април. Според локален претставник, пожарот бил предизвикан од воздушен напад од два украински хеликоптера. На видеото од последиците од инцидентот се гледаат два воени хеликоптера „Хинд“ како прелетуваат по покривите на југозападниот руски град. Украина негираше каква било вмешаност.

Гори историска зграда во Рјазан, 180 километри југоисточно од Москва, 1 април.

Пожар во двор во Биробиџан на 4 април. Градот е административен главен град на руската еврејска автономна област во далечниот источен Сибир.

Пожар зафати зграда на хемиската фабрика Дмитриевски во близина на Иваново, околу 240 километри североисточно од Москва, на 21 април.

Централниот истражувачки институт на руските сили за воздушна одбрана во Твер изгоре на 21 април. Најмалку 22 лица загинаа во пожарот, јави руската новинска агенција ТАСС.

Горат складишта за нафта во Брјанск на 25 април. Рускиот град се наоѓа на 110 километри од границата со Украина.

Пожарникари се борат со пожарот во складиште за неидентификувани растворувачи во руската област Нижни Новгород на 4 мај.

На 28 април гореше трговски центар во Ишим, во јужната област Тјумен во Русија.

Локални жители гледаат како пожарот го зафати пазарот во Владикавказ, град во близина на границата со Грузија на 6 мај.

Противпожарните екипи се борат со пожарот во историска зграда во Иркутск, Сибир, на 13 мај.

На 21 мај, пожар го уништи складиштето за семки од сончоглед во близина на Пенза, град на 550 километри југоисточно од Москва.

Пожар е забележан во аголот на фабриката за козметика Нефис во Казан на 28 мај.

Пламен на страната на Гранд Сетун Плаза во Москва на 3 јуни. Две лица беа повредени во пожарот, кој уништи голем дел од деловниот центар.

Пожарникари се соочуваат со ѕид од чад во производниот погон Алтин Полимер во регионот Татарстан на 3 јуни. Наводно, во фабриката биле складирани гума и пластика.

Пожар на сервисна станица во Тимен на 4 јуни. Како и пожарите документирани во оваа галерија, неколку подметнати пожари имало и во канцеларии за регрутирање на војската низ цела Русија откако земјата ја започна својата инвазија врз Украина на 24 февруари.

Низата неодамнешни пожари во руските градови ги натера некои да шпекулираат дека пожарите можеби се поврзани со војната во Украина. Некои од пожарите оштетија воени цели, додека други зафатија згради кои не се поврзани со руската воена инфраструктура.