Низ фотографии: Александар Литвиненко, критичарот на Кремљ

Сликата на поранешниот руски агент за безбедност Александар Литвиненко пред Универзитетската колеџ болница во центарот на Лондон на 23 ноември 2007 година.

Литвиненко (43) се разболе на 1 ноември 2006 година, откако испи чај отруен со полониум-210, редок, високо радиоактивен изотоп. Тој почина неколку дена подоцна во болница.

Новинари подготвуваат микрофони за прес-конференција на службеници на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во новинската агенција Интерфакс во Москва, на 17 ноември 1998 година. Поранешниот агент Михаил Трепашкин (седи лево), колега кој носи маска за да го заштити својот идентитет и полковникот Александар Литвиненко (десно) ги обвинија нивните команданти на ФСБ дека нарачувале киднапирања и атентати, вклучително и обид за убиство на милијардерот Борис Березовски.

Литвиненко позира со својата книга „Разнесување на Русија: Терор одвнатре“, во неговиот дом во Лондон во мај 2002 година. Во книгата тој ги обвини руските тајни служби дека ги изведувале бомбардирањата на руските станови во 1999 година и други терористички акти во обид да се донесе Владимир Путин на власт.

Литвиненко избега од Русија во 1999 година, откако го откри наводниот план на ФСБ за убиство на тајкунот Борис Березовски.


 

Литвиненко (десно) сликан пред Домот на лордовите во Велика Британија на 14 септември 2004 година, по прес-конференцијата на која повика на меѓународна помош за решавање на конфликтот во Чеченија. Тој им се придружи (од лево кон десно) на режисерот Андреј Некрасов, актерката и активистка за човекови права Ванеса Редгрејв, Лорд Риа и Ахмед Закаев, водечки чеченски сепаратист кој доби азил во Британија.

 

Полициски кордони се поставени пред домот на Литвиненко во северен Лондон на 27 ноември 2006 година, откако тој почина по сомнително труење.

Алекс Голдфарб, (лево) близок пријател на Литвиненко пристигнува во болницата во центарот на Лондон на 20 ноември 2006 година. Литвиненко напиша изјава два дена пред неговата смрт, која ја прочита Голдфарб.
 

Телото на Литвиненко подготвено за погреб на гробиштата Хајгејт во северен Лондон на 7 декември 2006 година.

Таткото на Литвиненко, Валтер, пристигнува во џамијата Регент Парк на 7 декември 2006 година. Семејството и пријателите му оддадоа почит на поранешниот руски агент  на спомен обележјето во џамијата во Лондон две недели по неговата смрт.

Копии од „Смртта на дисидентот“, од Алекс Голдфарб и Марина Литвиненко, се прикажани на прес-конференција во Асоцијацијата за странски печат во Лондон, на 19 јуни 2007 година. За време на прес-конференцијата, вдовицата на Литвиненко зборуваше за нејзините здравствени проблеми и побара да се најде лицето кое го отруло нејзиниот сопруг.​

Андреј Луговој (лево), поранешен офицер на КГБ и неговиот соработник Дмитриј Ковтун присуствуваа на прес-конференција во Москва на 1 ноември 2007 година. Британска истрага заклучи во 2016 година дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно одобрил разузнавачка операција за ликвидирање на Литвиненко. Луговој, сега руски пратеник, и Ковтун се идентификувани како главни осомничени.


 

Марина Литвиненко (десно) и рускиот режисер Андреј Некрасов присуствуваат на проекцијата на филмот Бунт: Случајот Литвиненко во Мадрид на 20 декември 2007 година.

Жени држат постер на Литвиненко и палат свеќи за време на споменот во Москва на 22 ноември 2008 година.

Марина Литвиненко зборува за медиумите додека го напушта Високиот суд во Лондон на 12 јули 2013 година

London's Millennium Hotel, where Litvinenko was allegedly poisoned. An inquiry into the radiation poisoning of the former Russian agent opened on January 27, 2015.

Marina Litvinenko makes a statement outside the High Court in central London on January 21, 2016, after findings from a public inquiry into the killing of her husband were released by a British judge.

Adrian Dwyer portrays Litvinenko in the British performance of The Life And Death of Aleksandr Litvinenko at the Grange Park Opera in Surrey on February 2020.

A photograph sits beside Aleksandr Litvinenko's gravestone in Highgate Cemetery in north London.