Нехумани услови за работниците од Виетнам во Србија
Претставниците на невладините организации Иницијатива за економски и социјални права А11 и Акција против трговија со луѓе - АСТРА на 15 ноември објавија дека виетнамските работници живеат во услови недостојни за човечко суштество. Ден по нивното известување, на медиумите им беше забранет пристапот до кампот во кој беа сместени работниците.
Просторот пред бараките каде што се сместени работниците од Виетнам
Невладините организации предупредуваат дека просториите во кои престојуваат работниците се помали од затворскиот минимум за лица лишени од слобода.
„Во просториите нема вентилација, нема доволно природна светлина, на подот има бетон, наоколу има голи ѕидови. Струјата е толку слаба што само сијалиците можат да се вклучат и да полнат телефони“, изјави за Радио Слободна Европа Данило Ќурчиќ од невладината А11 Иницијатива, кој на 14 ноември ги посети работниците. На сликата: Работник во барака во Зрењанин, 14.11.2021 година.
Кревет на работници во Зрењанин. Креветите на спрат немаат душеци, но даските се покриени со тенок јорган“, велат од невладините здруженија.
Во зградата има само два тоалета за околу 500 работници.
На 17 ноември работниците престанаа со работа барајќи подобри услови и исплата на платите. Воедно се солидаризираа и со колегата кој доби отказ, откако јавно проговори за позицијата на вработените.
„Ништо не е добро овде. Не ми исплатија плата два месеца. Сите Виетнамци што дојдоа имаат големи проблеми. Влезете внатре и видете“, изјави за РСЕ еден од работниците, кој сакаше да остане анонимен.
„Нема трпезарија, луѓето јадат на нозе. Условите се толку лоши што луѓето поставуваат стапици околу фабриката за да ловат ситен дивеч, кој потоа го подготвуваат за храна“, вели Данило Ќурчиќ од невладината А11 иницијатива.
Вешот се суши пред бараките или на тезгите каде работниците чуваат други работи бидејќи немаат плакари, стои во извештајот на невладиното здружение.
Невладините здруженија предупредуваат дека е загрозено здравјето на работниците поради условите во кои живеат, како и поради пандемијата на ковид-19.
Активисти од Србија собираат помош за виетнамските работници на кои, како што рекоа, првенствено им е потребна топла облека и зимски обувки, бидејќи повеќето од нив имаат само летни влечки.
Поради лошите услови, работниците досега два пати штрајкуваа, првиот пат затоа што немаат доволно храна, а вториот поради неисплатени плати.
Работници во просторот на идната фабрика за гуми во Зрењанин, 18 ноември 2021 година.
Изградбата на кинеската фабрика, во која покрај виетнамските, се вработени и работници од Кина, започна во март 2019 година и покрај протестите на еколошките активисти во Србија поради влијанието врз животната средина. Околу 97 хектари земјиште му беа дадени на кинески инвеститор бесплатно откако Владата на Србија ја прогласи изградбата на фабриката за проект од национално значење.