Нема победа за руските сили: Жестоко во бахмутската „мелница за месо“
Припадниците на украинската војска од 3-та одделна јуришна бригада пукаат со хаубица Д30 кон руските позиции во близина на Бахмут на 23 април.
Киев продолжува да ги држи своите стратешки позиции во Бахмут, изјави висок воен командант откако Русија тврдеше дека напредувала во градот. Со месеци Бахмут е епицентарот на жестоките битки за контрола на источниот регион Доњецк.
Принт-скрин објавен на 22 април го прикажува уништениот пејзаж на Бахмут, град кој имал население од 70.000 луѓе пред руската инвазија.
„Го погодувавме непријателот, често неочекувано за него, и продолжуваме да држиме стратешки линии“, рече Олександр Сирскиј, командант на копнените сили на Украина, на Телеграм.
Украински војник патролира во близина на оштетените станбени згради во Бахмут.
Коментарите на Сирскиј уследија откако руското Министерство за одбрана на 23 април соопшти дека нејзините сили зазеле два окрузи во западниот дел на градот. Тврдењето не можеше да се потврди независно.
Украинските војници мавтаат од тенк кој поминува на линијата на фронтот во Бахмут на 23 април.
Борците на Киев сè уште можат да ги снабдат своите војници во опколениот град и покрај бруталната борба што резултираше со големи жртви на двете страни.
И покрај тоа што силите на Москва ја зголемуваат употребата на тешка артилерија и воздушни напади, силите на Киев продолжуваат да ги спречат да ја преземат контролата над Бахмут што резултира со најкрвавата пешадиска битка од Втората светска војна.
Украинските војници во засолниште на линијата на фронтот.
Украински војник подготвува граната за хаубица Д30.
Украински војник ја проверува мрежата што се користи за нивна заштита од руски дронови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе продолжи одбраната на градот.
„Невозможно е да се откажеме од Бахмут бидејќи тоа ќе [помогне] да го прошири борбениот фронт и ќе им даде шанси на руските сили и на Вагнер да заземат повеќе од нашите земји“, рече Зеленски на 23 април.
Украински војници на краток одмор во засолниште на линијата на фронтот во Бахмут.
Украинските артилерици стрелаат кон руските позиции.
Многу експерти рекоа - а украинските водачи навестија - дека Киев е на работ да започне долгоочекуваниот контранапад.