Нема мазење без пазење - Младите, сексот и „бабините деветини“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонското лекарско друштво, ги посетија младите во студентските домови во Скопје за да ги едуцираат на тема сексуално и репродуктивно здравје. Им поделија бесплатни презервативи и едукативни материјали, а студентите пополнуваа и прашалници.
Настанот под мотото „Сакаш да се мазиме? Ама да се пазиме!“ е во рамки на одбележувањето на Светската недела на репродуктивно здравје, од 13. до 19. февруари. Екипата на РСЕ се дружеше со тимот во студентскиот дом „Стив Наумов“.