Незапирливата Леа и нејзината борба за подобар свет

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Со волонтирањето се стекнуваат многу нови вештини, знаења и пријателства и тоа е волшебно искуство кое на младите им нуди лесен пат до учење на вистинските вредности, сподели 17-годишната средношколка Леа Манева, која во „Црвен Крст- Карпош“ волонтира од 14 години. Лидерката во Клубот на млади, сака да ги инспирира врсниците да го следат нејзиниот пример и слободното време да го поминуваат правејќи нешто корисно за општеството.