Неделков - Не може минималната плата да расте, а другите плати да стојат

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Според закон, со зголемување на минималната плата треба да се зголемат и останатите плати за работни места со различен коефициент на сложеност. Сега во градинките имаме седум работни позиции што земаат иста плата, што е спротивно на закон, вели претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков во неделното интервју на Радио Слободна Европа.