Државен имот во вредност од речиси 150 милиони евра, нема имотен лист. Ова го покажуваат ревизорските извештаи. Меѓу објектите кои се без имотен лист е и зградата во која е Министерството за транспорт, кое, пак, е изготвувач на законот за легализација имот. Но, без имотен лист се и претседателските вили на Водно, Парламентот, и многу други.
Видете и ова: Државата не се грижи домаќински за својот имотОколу 10 проценти од вкупната територија на државата, до 2018 година, колку што е имот во сопственост на државата, не бил запишан во државните книги, вели директорот на Катастарот, Борис Тунџев.
Уште поголем проблем е што низ Македонија има голем број на државни објекти кои се напуштени и руинирани, во кои со години никој не стапнал во нив.
Пропаѓаат и ново-изградени објекти, како на пример, спортската сала на УКИМ
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра, е претворена во руина и целосно демолирана. Изградена во 2015-та, досега не ставена во функција поради маратонски судски спор меѓу Агенцијата за млади и спорт и фирмата што ја изгради.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поради нефункционалното судство и корупцијата, во Македонија дојде и тим од Вашингтон
„Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, објави американската амбасадорка Агелер на Твитер.
Владата ветува мерки во борбата против корупцијата.
„Се започнува и завршува со политичката волја, вели поранешниот член на Државната комисија за спречување на корупцијата, адвокатот Драган Малиновски. Од моментот кога седнувате во владата и правите коалиции, ако уште од тогаш има индиции за непринципиелни договарања или компромиси, јасно е дека не може да постигнете резултати во борбата против корупцијата, вели Малиновски.
Коалиционите партнери се најзаинтересирани за министерски и за директорски места
Според расположливите податоци за платите, најисплатливо е да сте директор на некоја државна фирма, бидејќи, ако е профитабилна, ќе си делите високи плати и бонуси, а ако не, ако сте загубар, ќе покрие државата, од буџетот.
Па така, претседател, премиер, министри, имаат околу 1500 евра плата.
Поголема плата од премиерската и од претседателската земаат на пример директорот на Акционерското друштво за станбен и деловен простор (ПУИК), на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на регулаторните тела, на ЕСМ, на МЕПСО...
Ако е мала платата, екстра профит може да се заработи и со трговија со струја
За нешто повеќе од еден месец, Македонија потроши над 30 милиони евра за увоз на струја. Државните термоелектрани во изминативе денови работат со помалку од половина од капацитетот.
Кога сите електрани би работеле со полн капацитет, нема да има потреба од увоз, но никогаш не работат. Еднаш се расипал генератор, другпат трансформатор, па проблеми со котелот, па пукнала цевка, па се прави ремонт во среде грејна сезона.
Затоа, струја се купува на берза, од кого и преку кои фирми, никој не кажува.
Никој не кажува и што е клучниот проблем со јавниот превоз во Скопје
Никој ни од властите, ни од опозицијата не презема одговорност за проблемот, ниту пак нуди решение со кое ќе им се скратат маките на скопјани. Скопје блокирано од автобусите на приватните превозници поради, како што тврдат тие, милионскиот долг што кон нив го има Градот.
Блокирањето на три главни крстосници во Скопје го парализираше градот, па луѓето губат термини за лекар, доцнат на часови, ги молат шефовите да им дозволат да работат од дома...
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кинеските автобуси не се прославија многу во Скопје, но, расте кинеската „мека моќ“ во земјава
Кинеското влијание во Македонија се засилува последниве години, главно преку „меката моќ“ на Кина, но тоа се случува без значителни кинески вложувања и инвестиции.
Расте и позитивната перцепција кај македонските граѓани за земјата. Преку културата, политиката и медиумите Кина се обидува да се претстави како алтернатива на западниот систем.
Крајно-десничарските групи во Србија, се „крстат“ на помош од руската паравоена група Вагнер во врска со Косово
Вагнер групата која учествува во агресијата против Украина, на 4 ноември отвори центар за воена технологија во Санкт Петербург, Русија.
Групите за човекови права и украинската влада ги обвинуваат членовите на оваа платеничка група за воени злосторства во Сирија и во источна Украина од 2014 година.
Од почетокот на агресијата врз Украина, десничарските организации во Србија гласно ја поддржуваат политиката на Кремљ и се противат на воведувањето санкции против Русија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5