„Не сакам да живеам во насилство“: Илјадници протестираа во Србија по масовните убиства

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На 8 мај, илјадници луѓе во тишина шетаа низ централните улици на Белград и другите српски градови на протестот „Србија против насилството“. Тие побараа реакција на државата по двете одделни масовни престрелки, во кои на 3 и 4 мај беа убиени 17, а ранети 21 лице. Немаше говори и партиски симболи. Барањата на организаторите се, меѓу другото, оставки на министерот за полиција и директорот на Службата за разузнавање и прекин на промовирањето на насилството во медиумите и јавниот простор