Најсмртоносните автобуски несреќи на Балканот од 2002-ра до денес

Десетици луѓе загинаа во сообраќајни несреќи на автобуси низ патиштата на Балканот во последниве 10-тина години. Но, најкатастрофална е најновата, на 23-ти ноември, во Бугарија, кога при несреќата на македонски автобус, настрадаа 45 луѓе.

25-ти јули 2002-ра

Десет загинати во несреќата на границата меѓу Косово и Црна Гора

Десет лица загинаа, вклучувајќи и две деца, а 31 беа повредени во автобуската несреќа на границата меѓу Црна Гора и Косово. Автобусот сообраќал на релацијата Улцињ - Косово. Автобусот излетал од патот во провалија во 5 часот изутрината.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

22-ри февруари 2010-та

Шестмина загинати од Косово во несреќа во Австрија

6 лица од Косово настрадаа во сообраќајна несреќа кај Виена кои биле во автобусот кој сообраќал од Косово кон Германија. Автобусот се судри со два камиона на автопатот во близина на Виена. Беа повредени 30 лица, некои и потешко.

------------------------------------------------------------------------------------------------

23-ти јуни 2013-та

Осумнаесет државјани на Романија настрадаа во Црна Гора

Романски автобус, на магистралниот пат меѓу Подгорица и Колашин, излета од патот и заврши во кањонот на Морача. 18 луѓе загинаа, а 29 беа повредени. Според истрагата, причина за несреќата било прекорачувањето на брзината со која се движел автобусот. Возел двојно повеќе од дозволеното.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

14-ти Октомври 2014-та

Петнаесет косовски матуранти загинаа во Албанија

Во сообраќајна несреќа кај местото Фуше Арес во Албанија, загинаа 15 матуранти, кои со автобус се враќале на Косово. Автобусот се превртел и завршил во провалија. Во него биле 49 матуранти, а 34 од нив биле повредени, некои потешко.

------------------------------------------------------------------------------------------------

31-ви декември 2018-та

Осуммина загинати во судар на автобус и воз кај Ниш

Осум лица загинаа а над 30 беа повредени во судар на автобус и воз во близина на Ниш. Несреќата се случила на необележан железнички премин. Основниот суд во Ниш го осуди возачот на автобусот на 8 години затвор.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

13-ти февруари 2019-та

15 луѓе загинаа во трагедијата кај Ласкарци

Автобус на компанијата Дурмо турс, на релацијата Скопје - Гостивар, излета од патот во близина на село Ласкарци, при што загинаа 15 патници. Според обвинителството, причина за несреќата се неисправи кочници и прекорачување на брзината. Судскиот процес не е завршен.

------------------------------------------------------------------------------------------------

25-ти јули 2021-ва

Десет загинати во несреќа на косовски автобус во Хрватска

1

Автобус на релацијата Франкфурт - Приштина излета од автопатот во Хрватска, при што загинаа 10 лица од Косово, а над 40 беа повредени. Во автобусот се превезувале 67 патници, вклучувајќи и деца.

-------------------------------------------------------------------------------------------------

23-ти ноември 2021-ва

45 лица загинаа во несреќа на македонски автобус во Бугарија

45 лица загинаа, а 7-мина се повредени во несреќата на автобусот на компанијата Беса Турс, на автопатот во близина на Софија, кога излетал од патот и се запалил. Автобусот се враќал од туристичка тура во Турција. Меѓу загинатите има и деца. Причините за несреќата треба да бидат утврдени низ истрагата која е во тек.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Десетици загинати во несреќа на македонски автобус во Бугарија