Вежби, дипломатија, одбрана: најнови фотографии од украинската криза

Руски војник скока од оклопно возило за време на вежби на полигонот Кузмински, во јужниот дел на руската област Ростов. 

Активистка на ФЕМЕН протестира со својата ќерка доенче пред канцеларијата на претседателот на Украина на 27 јануари. Жената во топлес протестираше против регулативата која стапи на сила кон крајот на 2021 година, со која се бара од жените на возраст меѓу 18 и 60 години да се регистрираат во војската. Во случај на инвазија, жените би можеле да се мобилизираат за да помогнат во воените напори.

Воен брод на руската морнарица за време на артилериски вежби во Балтичкото Море на 27 јануари.

Украинската полиција уапси војник на Националната гарда откако тој, наводно, застрелал пет лица во воена фабрика во областа Днепропетровск на 27 јануари.

Руски војници стојат покрај оклопниот транспортер БТР-82 за време на вежбите на полигонот Кузмински на 26 јануари.

Украински лекар фотографиран во близина на линијата на одвојување од сепаратистите поддржани од Русија надвор од Писки, село во украинската област Доњецк.

Член на екипажот на руско воено возило го става шлемот за време на вежбите на полигонот Кузмински на 26 јануари.

Џон Саливан, американскиот амбасадор во Русија (со црна маска) го напушта руското Министерство за надворешни работи во Москва на 26 јануари. Саливан даде писмен одговор на САД на руските барања за безбедносни гаранции за НАТО и Украина.

Украински војник за време на вежбите во регионот Волин во Украина на 26 јануари.

Руска артилериска екипа пука со хаубица за време на вежбите на полигонот Кузмински.

Наталија, жителка на Авдијевка, во нејзиниот дом на неколку километри од фронтот. Таа беше тешко повредена за време на борбите во јануари 2017 година.

Човек лови риба на реката Калмиус покриена со мраз во Донецк, град на истокот на Украина контролиран од сепаратистите поддржани од Русија.

Американски и британски воздухопловци пристигнаа во естонската воздухопловна база Амари. Војниците отпатуваа од Германија за да ја поддржат мисијата на НАТО за „воздушна полиција“.

Жена за време на „ден на молитва“ за мир во Римокатоличката црква Свети Александар во Киев.