Науката заборавена во Македонија

Илустрација.Книги.Наука.

Треба да се има свесност дека науката е стратешки приоритет од кој зависи развојот, велат научниците кои укажуваат на "катастрофални состојби".Парите за наука во 2018 година се пониски за 16 % од 2010, иако буџетот на државата е зголемен за 63 %. Дали тоа зборува за отсуство на политика за наука?

Професорот Виктор Стефов од Институтот за хемија при Природно Математичкиот Факултет во Скопје за Радио Слободна Европа објaснува дека ако се погледнат вкупните трошоци за истражување и развој во Македонија во 2018 година во однос на изминатите години , може да се забележи дека тие не само што се незначителни, туку уште се и намалени, иако ,истовремено, буџетот на државата континуирано се зголемуваа.

Овие податоци се содржани во анализа за состојбите во науката на Независниот академски синдикат, која е подржана од Фондацијата Отворено општество.

Професорот Стефов кој е член на НАКс, а има искуство и како раководител за наука во МОН, има чувство дека отсуствува политика за наука и укажува на примерот на финанирањето на науката во Македонија пред 15 години.

"Во секторот за наука при МОН има ставака 71 во која се финансира научно истражувачка работа -проекти, патувања, стипенди итн. За жал тие пари се сведени на 50 до 60 милиони денари . Во буџетот се стават 100 милиони денари, но реализацијата е 50 проценти. Тоа е фрапантно. Во 2004 година, и тогаш беа мали сретствата,но 155 милиони денари се издвојуваа. Значи само за проекти тогаш имаше 60 милиони колку што е сега целата ставка 71 . Практично изумира науката во државата“, вели професорот Стефов.

Хронично нефинансирање -науката малаксана

Поради постојано намалување на пари што државата ги издвојува за истражувања во науката во Македонија не само што не е направено никакво придвижување во оваа област, од која зависи развојот на општеството, туку науката веќе диши на шкрги.

Администрацијата се полни, факултети молат за обнова на кадарот

Професорот Стефов, вели дека ако се погледне структурата на вкупните трошоци за истражување и развој во Македонија од 2014 до 2018 година, може да се види дека уделот во високото образование се намалува постојано, иако на пример уделот на бизнис секторот континуирано се зголемува. Тоа е секако е за поздравување, велат научниците, но укажуваат дека изостануваат размислувања за развојот на науката, а тоа се одразува и во сите други витални сегменти на општеството.

Инаку од вкупните пари за наука (ставка 7) , кои за 2019 година изнесуваат 309.649.000 денари, покрај 92.300.000 денари наменети за ставката 71 т.е. за научно истражувачка работа , останатите пари за наука во МОН се наменети за научните институти и проектот за превод на книги.

Ставката 71 се пари кои се наменети за цела низа на активности како проекти, издавачка дејност, организирање на научни собири, учество на научни работници на научни собири во странство, стипендии за последипломски и докторски студии во странство, студиски престои во странство и престој на научни работници во РМ, набавка на литература и за други расходи, па може да се заклучи дека парите се практично незначителни за покривање и на најосновните потреби за било каква научноистражувачка работа во државата.

" На пример, само со неколку држави има билатералани проекти за наука, но се дават само пари за патување, а нема пари за истражуавање со години е така", вели Стефов

Податоците во континуитет со години наназад укажуваат дека исклучително ниското издвојување од 0.35% од БДП за истражување и развој ја рангира Македонија на дното во Европа.

Интелктуалците незнаат од кои причини во Македонија заостанува во финансирањето на науката.

"Не ми е јасно како власта, и едната и другата, не вложуваа во наука, а без тоа нема напред, сами си ги сечеме гранките. Пред се треба да имаат слух сите од премиер,министер за финансии, па се до МОН и да ни се дадат и определат сериозни сретства за наука. Ние сме држава која 10 години не распишала конкурс з а научни проекти"неведува Стефов .

Науката потценета, малите плати ги загрижуваат професорите

Во анализата за сотојбите во науката која е подржана од Фондацијата Отворено општество, се наведува дека развиените земји вложуваат значајни средства во научно истражувачката дејност и токму уделот на одделувањата за наука од бруто домашниот производ е во корелација со степенот на развиеност на една земја.

Инаку и од историјата е познато дека секогаш во најразвиените земји цветале науката, уметноста, архитектурата, градежништвото и други слични дејности кои се главен двигател на една држава што пак обезбедува основи за економија и подобар животен стандард.

Како се распоредуваат парите?

Во Македонија во последните годни се отвора и прашањето како се распоредуваат парите за наука, со оглед на тоа дека во 2018 година реализацијата на буџетот за наука изнесувала само 54 проценти.

Поради ова може да се каже дека нештата стануваат уште полоши.

Професорот Стефов, тргнувајќи од искуството како раководител во секторот наука, вели дека парите кои не се потрошени за оваа област вообичаено државата ги користи пренаменувајќи ги за "крпење дупки" во образаванието или за други потреби.

Не е само Еразмус, истраги и за други малверзации со европските пари

Од вкупните пари за наука за превод на книги се издвоени 40.000.000 денари. Во ставката 72 пак за научните институти се вклучени и пари за плати на вработените во тие институти, што значи дека тие практично немаат средства за работа

Во државата има десетици научни институти, кои имаат пари само за плати, a Стефов дополнува дека и во високото образование тие што се занимаваат со научно истражувачки проeкти тоа го прават благодарение на грантови од странство.

"Има 10 тина институти чија обврска е да прават наука. Тоа се Инстутот за историја, за македонски јазик ,ИЗИС, за сточарство итн. Тие практично се финансираат за плата, а исто е и во високото образование. Ние кубурме, ако не се грантови од надвор, ЕУ- грантови, НАТО проекти, ние скроз ќе изумреме. Се држиме за сламка благодарение на тоа" вели Стефов.

Што сѐ Европската Унија ќе финансира во Западен Балкан?

Инаку, во стратегијата за раст на Европската Унија се предвидува издвојувањата за истражувања и развој да достигнат 3 % од БДП на Унијата, со што би се намалил јазот со САД и Јапонија каде овие издвојувања изнесуваат 2,8 и 3,2 %

Во стратегијата се наведува и дека во Македонија бројот на истражители е под стандардот на ЕУ.

Процентот на истражувачи во однос на вкупниот број на вработени во државава изнесува 0,25 %, а во Европската Унија (ЕУ) тој е 1,3 %. Тоа значи дека за 5 пати е помал бројот на истражувачи во вкупниот број вработени во однос на средниот просек во земјите од ЕУ.

Во студијата се потенцира и фактот дека во последните години, со големи средства за наши услови, се финансираат пост-дипломски и докторски студии на наши студенти во странство, а во ,исто време, нема никаква помош/стипендии за усовршување на младите истражувачи за истите студии во сопствената држава

Време е за нуака, панедимијата ги потенцираше кратењата на парите

На лошите состојби во областа на науката во Македонија укажа и независниот академски синдикат (НАкС) кој на почетокот од викендот го одржи својот втор конгрес, заокружувајќи период од четири години од работењето на синдикатот. Во услови на пандемија, конгресот се одржа онлајн. Од НАКс порачаа дека време е за наука.

"За жал, пандемијата само ги потенцираше ефектите од долгогодишното кратење на буџетот во секторот, особено ниското ниво на дигитализација на универзитетите, при што очигледна беше неподготвеноста за спроведување настава на далечина" посочуваат од Независниот академски синдикат (НАкС)

Пропуштеното во образованието поради пандемијата - предизвик во иднина

Во овие четири години Синдикатот се бореше да ги подобри условите во високото образование и науката, иницирајќи дискусија за проблемите и застапувајќи долгорочни решенија.

Оттука, покрај справувањето со вонредните околности предизвикани од пандемијата, од НАКС наведуваат дека "прв чекор за подобрување на состојбата во нaукaта е пред сè во имањето на желба и координација помеѓу надлежните институции во владата, универзитетите, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис секторот за надминување на оваа многу тешка состојба во која се наоѓа науката, а со тоа и образованието во целина, во државатa"

"Имено, состојбата во која се наоѓа нашата држава е резултат на немање јасна стратегија за развој на двата фундамента, а тоа се образованието и здравството. Всушност, кога нема развој на науката, тоа доведува до стагнирање на високото образование (на што во голема мерка се потпира и здравството), а тоа нужно води до девалвирање на сите други нивоа на образование и сето тоа доведува до тоа да има несогледливи последици по развојот и просперитетот на државата" се наведува во анализата за сотојбите во науката.

Во неа се натираат и е дека состојбите во науката во Македонија, кои се нераздвоен дел од високото образование во целина, се во катастрофална положба и потребно е што поскоро да се најде начин да се подобрат овие дејности.