Столтенберг: НАТО ги поддржува здравствените власти против корона кризата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Ние очекуваме реформи и модернизација на институциите во безбедносниот сектор и вооружените сили да продолжат и апсолутно сум убеден дека тоа ќе се случи, бидејќи тоа е добро за Северна Македонија и е добро за сите нас, изјави за РСЕ Генералниот секратар на НАТО Јенс Столтенберг.

Северна Македонија стана 30-та земја-членка на НАТО. Кои се бенефитите од пристапувањето, за земјата и за НАТО?

Ова е голем ден, историски ден за Северна Македонија за Западниот Балкан и за сите земји-членки на Алијансата, бидејќи со пристапувањето во НАТО, Северна Македонија станува членка на најуспешната Алијанса во историјата. Ние обезбедуваме мир, ние ги штитиме сите сојузници, врз основа на клучната принципиелна идеја „Еден за сите, сите за еден“. Ако една земја-членка е нападната, ќе предизвика одговор од сите сојузници. И со тоа што стоиме заедно ние обезбедуваме мир. Целта на НАТО не е да предизвика војна, туку да превенира конфликт, да превенира војна и со правење на тоа ние создаваме стабилност и мир кој е есенцијален за економски просперитет. Ние го гледаме тоа често, кога Северна Македонија беше поканета во НАТО пред една година, бројот на странските инвестиции порасна, и тоа е модел што го гледаме во многу, многу други земји, дека членството во НАТО е важно за економски просперитет.

Кои се очекувањата на членките од новиот сојузник Северна Македонија во смисла на реформи во одбранбениот и безбедносниот сектор ?

Ние очекуваме реформи и модернизација на институциите во безбедносниот сектор и вооружените сили да продолжат и апсолутно сум убеден дека тоа ќе се случи, бидејќи тоа е добро за Северна Македонија и е добро за сите нас, и јас го видов професионализмот на војниците од Северна Македонија кои ги сретнав во Скопје, ги сретнав во Кабул, кога неодамна бев во Авганистан. Во тоа време како партнери од Северна Македонија се борат во против тероризмот и секако сите ние мора да продолжиме да се мобилизираме и да продолжиме да ги подобруваме нашите капацитети и затоа сум убеден дека Северна Македонија ќе продолжи да го прави тоа.

Каква е улогата на НАТО во борбата против пандемијата на Ковид-19?

Ние секако не сме првите што треба да одговорат на тој предизвик, бидејќи ова е цивилна здравствена криза, но ние овозможуваме поддршка на напорите на цивилните здравствени властите, ние ја координираме поддршката на некои од сојузниците. Чешката Република сега обезбедува заштитни одела, илјадници заштитни одела за помош на Шпанија и Италија, Германија обезбеди модерна медицинска опрема за други европски земји. Значи членките на НАТО обезбедуваат помош НАТО исто така обезбедува поддршка за способноста на членките, ние ќе продолжиме да ги координираме напорите и да помагаме, но пак ќе повторам, НАТО не е првиот што треба да одговори на тој предизвик, но ние им обезбедуваме помош на националните обиди во борбата против коронавирусот.

Ако ескалира мигрантската криза на турско-грчката граница, како тоа ќе влијание на безбедноста во регионот?

Мигрантската криза на грчко-турската граница нè загрижува сите и добредојдени се напорите за да се одговори на овие предизвици и повторно НАТО е дел од ова. Ние им помагаме на грчките сили, преку нашите мисија и операции во Авганистан и во Ирак ние се обидуваме да ги стабилизираме овие земји и да ги намалиме причините зошто толку многу луѓе си заминуваат, ние исто така имаме присуство во Егејското Море, имаме бродови на НАТО во Егејското Море, помагаме во спроведувањето на договорот меѓу Турција и Европската унија за кризата со мигрантите и бегалците. НАТО помага и дава поддршка во справувањето со мигрантската и бегалската криза, тоа е заеднички предизвик за што е потребно заедничко решение.

Што може Северна Македонија да направи, како земја членка на НАТО, во справувањето со порастот на руското и кинеското влијание на кое неодамна предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео?

Она што го гледаме е кампања на дезинформации, користење на сајбер сферата за подривање на довербата во домашните политички процеси кај многу земји членки на НАТО, не само во Западен Балкан. Најдобар начин да се бориме против тоа е да се нагласат фактите, ние не веруваме дека најдобар одговор на пропагандата е со пропаганда, но веруваме дека најдобар одговор на дезинформациите и пропагандата е всушност вистината. Заради тоа ние овозможуваме факти, им помагаме на сојузниците, споделуваме разузнавачки информации, и на крајот на краиштата најважно е што во борбата со пропагандата и дезинформациите е независното новинарство. НАТО овозможува проверка на своите извори, новинарите ги проверуваат фактите, новинарите поставуваат прашања, тоа е најдобриот одговор на дезинформациите и на пропагандата. НАТО силно верува во демократијата, отвореното општество и слободното и независно новинарство е исто така важно.

Каква е соработката на Северна Македонија и НАТО во однос на заканите од ИСИС во земјава и Западен Балкан, колкава закана се повратниците на ИСИС?

Враќањето на странските борци е предизвик и потенцијална закана за сите сојузници на НАТО. Затоа работиме заеднички со споделување информации, споделување очекувања, споделување разузнавачи информации за да се минимизира ризикот поврзан со враќањето на странските борци. Мислам дека ова ја нагласува важноста од заедничкото работење во справувањето со заедничките предизвици. Тоа е причината што јас сум импресиониран од Северна Македонија, зашто земјата покажа храброст, покажа политичка волја и посветеност да се модернизира, да се реформира и така да може да стане членка на НАТО и ви честитам на таа храброст, зашто тоа значи поддршка за вашата земја, за Северна Македонија, но исто така и за сите сојузници во НАТО.

Какви се предизвиците за НАТО во однос на земјите од Западен Балкан ?

Западниот Балкан е важен за сите сојузници во НАТО. Ние имаме историја таму, со децении сме присутни таму, помогнавме да окончаат крвавите војни во Босна и Хецеговина и Косово, исто така ја поддржувавме Северна Македонија долго време. Неколку земји од Западниот Балкан сега се членки на НАТО, последни членки се Црна Гора и Северна Македонија. Исто така сме присутни на Косово, помагаме во стабилизацијата на Косово, зашто тоа е важно, не само за луѓето што живеат во Косово, туку и за сите кои живеат во Европа. Значи, ние работиме со нашите членки, но исто така и со партнерите, на стабилноста и затоа го поздравуваме фактот што Северна Македонија сега е полноправна членка која помага, која може да направи повеќе за стабилизирањето на Западниот Балкан.

Какви се плановите на НАТО за земјите од Источното партнерство во идинина?

Ние многу блиску работиме со нашите партнери низ целиот свет, се разбира и со тие источно од Алијансата. Ние имаме блиски партнери, ја имаме Украина, ја имаме Грузија, два партнери кои се многу блиски со НАТО и им овозможуваме политичка и практична поддршка, затоа што двете земји имаа агресивни активности од Русија, во Грузија во 2008 и во Украина во 2014, но Русија продолжува да се обидува да ја дестабилизира Украина со мешање во нивните демократски процеси и исто така е одговорна за голем дел од насилствата во источна Украина. НАТО продолжува да работи со партнерите, затоа ни треба Партнерството за да им помогнеме на пријателите и партнерите, што е важно за сите нас.