Наследството на популистот Борис Џонсон во Британија

Борис Џонсон

Додека новиот британски премиер се подготвува да се пресели во Даунинг стрит, дебатата за наследството на Борис Џонсон ќе трае уште долго по неговото заминување. Тој ја изведе Британија надвор од ЕУ и извојува убедлива изборна победа пред неговата влада да пропадне поради куп етички скандали.

За време на неговото последно појавување во Парламентот како премиер во јули, тој ги сумираше своите три години на функцијата како: „Мисијата во голема мера е остварена“.

Многу политички коментатори имаат поинакво гледиште. „Неговото главно достигнување е Брегзит. Тој се бореше за изборите во 2019 година, велејќи дека ќе го постигне Брегзит“, оценува Стивен Филдинг, професот по политичка историја на Универзитетот во Нотингем.

Британските пратеници наредија парламентарна истрага против Џонсон за наводно лажење

Поддршката на Џонсон за кампањата за „напуштање“ на британскиот референдум во 2016 година од членство во ЕУ беше од витално значење за неговата победа. Тој имаше поддршка од јавноста и ниту еден друг активист не можеше да му се спротивстави.

Видете и ова: Британските пратеници ќе гласаат за доверба на премиерот Џонсон

Кога три години подоцна се расправаше во Парламентот околу условите за заминување падна тогашната премиерка Тереза Меј. Џонсон ја наследи со завет дека „ќе го заврши Брегзит“.

Тој ги предводеше конзервативците до огромна изборна победа во 2019 година и ја извади Британија од ЕУ следната година. Но, долгиот развод е далеку од „готов“.

Односите со ЕУ се влошија поради нерешените спорови околу трговските правила за Северна Ирска. Новите царински и регулаторни бариери, исто така, ја попречуваат трговијата меѓу Британија и 27-те земји на ЕУ.

Придобивките од Брегзит кои ги промовираа Џонсон и другите поддржувачи - шанса да се урнат тешките правила на ЕУ и да се создаде подинамична економија - сè уште не се материјализирани.

Ветувањата на Џонсон дека ќе ги прераспредели инвестициите и можностите во запоставените региони во Британија, исто така, остануваат неисполнети.

Неговиот наследник сега добива дефлациона економија и криза на трошоците за живот предизвикани од фактори како што се Брегзит и руската инвазија врз Украина. „Речиси сите се вратија во таборот на работниците, барем што се однесува до анкетите“, вели Филдинг.

Британските пристанишни работници се приклучија на штрајкот на железничарите

Другиот дефинитивен настан на неговата премиера беше ковид-19, кој го одведе Џонсон на интензивна нега во април 2020 година и остави над 180.000 починати луѓе.

Џонсон се двоумеше пред да наметне национално заклучување во март 2020 година. Експертите подоцна рекоа да дејствувал една недела порано тоа би спасило илјадници животи.

Видете и ова: Премиерот Џонсон заработи казна заради забава за време на карантинот

Но, програмата за вакцини на ОК, предводена од работна група од научници и бизнисмени, нашироко се смета за голем успех.

Освен Брегзит, главната меѓународна кауза на Џонсон беше Украина. Тој беше еден од најистакнатите сојузници на претседателот Володимир Зеленски, а Британија ја поддржа реториката со милијарди воена и хуманитарна помош за да и помогне на земјата да се спротивстави на руската инвазија.

Поддршката го направи Џонсон популарна личност во Украина, иако критичарите велат дека секој друг британски лидер би ја следел истата политика.

Достигнувањата на Џонсон во внатрешната политика беа малку. Неговата администрација беше хаотична, уништена од фракционерство и постојано во кризен режим.

Тој го разгоре гневот на јавноста со забавите во Даунинг Стрит за време на пандемијата, поради што беше казнет од полицијата.

Но, неговото назначување на клучна работа на политичар кој беше обвинет за сексуално недолично однесување се покажа како скандал предалеку за конзервативните пратеници, кои го принудија да излезе.

Британската полиција ќе казни 20 лица за забавите на премиерот Џонсон

Критичарите рекоа дека тоа е одамна задоцнета победа за политичар кој ја понижува британската политика со неговото популистичко непочитување на етиката и вистината.

Видете и ова: Џонсон на Зеленски му ја врачи наградата за лидерство - Сер Винстон Черчил

Џонсон (58) се обиде да звучи филозофски за неговото заминување. Кога поднесе оставка на 7 јули, тој јасно стави до знаење дека не сака да си замине, обвинувајќи го менталитетот на „стадото“ меѓу конзервативните колеги за „ексцентричната“ одлука да го соборат.

Тој останува член на парламентот, а некои конзервативци веруваат дека би можел да се обиде да се врати како лидер доколку неговиот наследник попушти.

Филдинг смета дека таквото враќање би било речиси без преседан во британската историја.

„Мислам дека тој мисли оти може да се врати. Има доволно луѓе во неговата партија кои веројатно би сакале тој да се врати. И со оглед на тоа што Лиз Трас, мислам дека ќе биде веројатен неуспех како премиер, тогаш постои пат назад. Сепак, тоа може да изгледа извонредно“, вели Филдинг.