Насилство меѓу младите и врсничка медијација
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Околу 42 отсто од младите на возраст меѓу 13 и 15 години, според статистиката на УНИЦЕФ, биле изложени на врсничко насилство. Во поново време, се пораширено е и така-нареченото интернет насилство, шиканирање преку социјалните мрежи, кое може да доведе и до трагични последици. Во Македонија постојат и позитивни примери, односно групи за врсничка медијација и за решавање на конфликти меѓу младите.