Насилници, жртви и сеирџии - како против насилството?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Над 100 средношколци од повеќе македонски училишта се собраа на Филозофскиот факултет во Скопје, за да дебатираат на тема насилство. Меѓу нив беше и Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој сподели свое искуство со булинг во ученичките денови. Дел од младите, пред камерата на РСЕ, раскажаа како тие се соочиле со груби зборови од соучениците. Експертите предложија решение за проблемот, за кој велат, не може да се реши „преку ноќ“.