Долгото владеење на рускиот претседател Владимир Путин е поттикнато од носталгијата за Советскиот Сојуз - од големи работи како што се повторно воспоставување строг политички систем од врвот надолу и државна доминација на медиумите до симболични мерки како обновувањето на националната химна од советската ера иако со изменет текст.
Сега, кога војната на Москва против Украина влезе во третиот месец и Русија сѐ повеќе го чувствува здивот од западните санкции, бројни термини од времето на Студената војна се враќаат во секојдневниот живот.
Еден од последните големи дела на советската култура беше масовно популарниот филм „Малата Вера“ од 1988 година, филм во кој алкохолизмот, насилството, обидите за силување и очајот се комбинираа за да го долови песимизмот, во тогашниот Советскиот Сојуз.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дејството на филмот е сместено во пристаништето Мариупол на Азовското Море, кое во тоа време го добило името Жданов по идеологот од времето на Сталин, Андреј Жданов – кој ја измислил фразата: „Единствениот конфликт што е можен во советската култура е конфликтот помеѓу доброто и најдоброто“.
Мариупол се промени во независна Украина по распадот на Советскиот Сојуз и напредуваше пред инвазијата. Но, денес, тоа е симбол уште еднаш - овој пат на страдањето, смртта и уништувањето што Русија ѝ го нанесе на Украина во војната.
РСЕ собра делумна листа на термини, фрази и концепти за кои многумина мислеа дека се оставени во светот од 1984 година, но кои направија впечатливо враќање во земја каде што бизнисмен во
Отфрлање
Во својата новела „Зона“ од 1982 година, дисидентскиот советски автор Сергеј Довлатов напиша дека иако луѓето со право го осудуваат советскиот диктатор Сталин за масовни репресии и убиства, мора да се постави уште едно прашање: „Кој ги напиша 4-те милиони осуди? „Тие беа напишани од обични советски луѓе“, истакна тој.
Денес, обичните Руси се повеќе си префрлаат еден на друг за каква било изјава или акција на несогласување против војната во Украина.
Видете и ова: Долгогодишен советник на Путин: Рускиот лидер е опседнат со УкраинаНаставниците кои разговараат за војната во училницата се особено ранливи на осудувања и ги губат своите работни места со запрепастувачко темпо.
„Епизодите сè уште не се масовен феномен, но ја илустрираат паранојата, како и поларизацијата во руското општество“, напиша Њујорк Тајмс, додавајќи: „Граѓаните се осудуваат еден со друг во морничаво ехо на теророт на Сталин, поттикнато од злобната официјална реторика од државата“.
Емиграција
Советскиот период се карактеризира со три големи бранови на емиграција - еден по Болшевичката револуција од 1917 година и Руската граѓанска војна, вториот поттикнат од дислокациите за време и по Втората светска војна и третиот бран во текот на 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите.
Се чини дека идните историчари ќе го означат периодот на војната во Украина како четврти бран на емиграција.
Тортура врз Русите кои ја напуштаат Русија
Иако е премногу рано да се имаат прецизни бројки за бројот на Русите кои ја напуштаат својата земја откако Москва ја започна големата инвазија на Украина на 24 февруари, The Economist наведува дека таа само до средината март изнесувала 200.000, нарекувајќи го трендот „стампедо на излезите“.
Како и претходните бранови на емиграција, така и овој вклучува значителен процент од високообразованите, почетниците, интелектуалците и професионалците.
За разлика од претходните бранови, овој пат главните дестинации ги вклучуваат поранешните советски републики како Ерменија, Грузија, Казахстан и Узбекистан, бидејќи западните санкциите затворија многу други опции.
Дезертери
Студената војна беше означена со повремено пребегнување на запад на истакнати личности, често културата и спортот.
Во 1961 година, Рудолф Нуреев - генерално се смета за најголемиот машки балетан на неговата генерација - пребегна од Советскиот Сојуз на аеродромот во Париз, продолжувајќи ја својата легендарна кариера на Запад до неговата смрт во 1993 година. Во 1974 година, колегата танчер Михаил Баришников пребегна во Торонто.
Многу агенти на КГБ, па дури и ќерката на Сталин, Светлана Алилујева, беа исто така меѓу најпознатите советски дезертери.
На 17 март, главната танчерка на Бољшој театарот Олга Смирнова ја напушти Русија за Холандија поради нејзиното противење на војната против Украина. Во објава на 1 март на Телеграм, таа напиша дека „се срами од Русија“. „Њујорк тајмс“ ја нарече одлуката на Смирнова „удар за гордоста на нацијата“.
Весникот го цитираше новиот шеф на Смирнова во Холандскиот национален балет, Тед Брандсен дека руските танчери го контактираат „секојдневно“. „Се враќаме во Студената војна“, рече тој.
На 23 март, советникот на Путин и истакнат постсоветски економски реформатор Анатолиј Чубаис ја напушти Русија за Турција.
На 18 април, горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, го разгледа она што беше наречено Законот за Чубаис , според кој секој функционер кој ќе ја напушти функцијата поради војната и ќе ја напушти земјата ќе се запише во посебен „јавен регистар“ и ќе му биде забрането повторно да извршува службена функција.
Руската православна црква во странство
По болшевичката консолидација на моќта во раните 1920-ти, Руската православна црква во странство беше создадена од емигранти кои раскинаа со Московската патријаршија.
Папата Франциск повика на мир, патријархот Вартоломеј побара отворање хуманитарни коридори
Во 2007 година, Руската православна црква во странство повторно се обедини со московската црква, во потег што беше ентузијастички поздравен од Путин.
Иако таков длабок прекин не се случи, конфликтот на Москва со Украина беше скап за Руската православна црква од 2014 година, кога Русија го зазеде украинскиот регион Крим и разгоре сепаратистички конфликт во делови од источна Украина. Тие потези беа фалени од страна на рускиот православен патријарх Кирил, кој беше отворен поддржувач на Путин.
Во јануари 2019 година, вселенскиот патријарх Вартоломеј од Константинопол ѝ додели автокефалност или независност на Православната црква на Украина, ставајќи крај на повеќе од тривековната московска патријархална доминација на православието во Украина.
Околу половина од православните парохии во Украина се приклучија на новата црква, додека половина му останаа лојални на Кирил.
Од почетокот на војната во февруари, речиси половина од московските лојални епархии во Украина престанаа да го спомнуваат Кирил во молитвите.
Видете и ова: Руски православни свештеници повикуваат на прекин на војната во УкраинаНезадоволство од Руската православна црква изразија и други православни цркви ширум светот. Во едно неодамнешно интервју, Вартоломеј – духовниот поглавар на православието на глобално ниво – го критикуваше Кирил, велејќи: „Тој не требаше толку да се поистоветува со претседателот Путин, па дури и да ја нарече војната на Русија против Украина „света““.
Њујорк Тајмс на 18 април напиша дека руските православни заедници во Италија, САД, Франција се залагаат за раскинување со Московската патријаршија.
„Во Холандија, полицијата мораше да интервенира во црквата во Ротердам откако верниците се степаа поради војната“, пишува весникот.
„Доктринските спорови и интриги во рамките на Источната православна црква често се извиваат со децении, ако не и со векови“, пишува весникот. „Но, со извонредна брзина, војната ги прошири расколите што долго време се чуваа под површината“.
Дефицит
Од почетокот на војната, западните земји и другите делови од меѓународната заедница воведоа невидени санкции против Русија, а резултатот, многу брзо, беше недостиг, или дефицит.
Редовно се појавуваат алармантни приказни за недостиг на неопходни увезени лекови, како и извештаи за недостиг на основни производи за храна.
Во средината на март, најголемиот синџир на намирници на Далечниот Исток наметна рационализирање на шеќер, сол и други основи среде панично лудило за купување.
Покрај тоа, пријавени се недостиг на хартија за печатачи, бидејќи земјата очигледно се потпира врз средства за белење увезени од Финска. Корисници на Твитер на 17 април споделуваа слики од кафена хартија за продажба под името „Еко“.
Животната средина не изгледаше толку важна два дена подоцна, кога беше објавено дека владата, поради недостигот на увезени делови, ќе дозволи производство на сите еколошки класи на автомобили, вклучително и Еуро-0, односно враќање на стандардите од пред 1992 година.
„Аналитичарите забележуваат дека потрошувачите не се толку загрижени за екологијата“, пишува Комерсант.
Трговци на црниот пазар
Таму каде што има недостиг, тука се и fartsovshchiki, етикетата од советската ера за трговците на црниот пазар со тврда валута, фармерки, западна музика и други производи што беше тешко да се набават во Советскиот Сојуз.
Руската рубља драстично падна во првите недели од војната поради западните санкции, а на 15 март весникот Комерсант објави дека се појавила валута на црно на интернет трансакциите.
Експертите предупредуваа, пишува весникот, за административни и кривични казни за учество на црниот пазар. Иако интервенцијата на руската влада ја оживеа рубљата, изгледите за повеќе фарцовшики никогаш не се далеку.
Цензура
Речиси пред да згасне ехото од првите руски снимки од војната, агенцијата за мониторинг на медиумите Роскомнадзор издаде указ со кој се забранува опишувањето на настаните во Украина како „војна“ или „инвазија“ и наредба за медиумите и поединците да цитираат само информации од официјални владини извори.
На 5 март, земјата усвои закони со кои се додаваат административни и кривични членови против „дискредитирање на вооружените сили на Руската Федерација“, кои веќе произведоа стотици пресуди.
Големи грижи на Кремљ - раст на цените на храната во изборна година
Од почетокот на војната, Руси беа приведени и казнети за прекршоци како што се стоење во јавност со натпис „Не убивај“, преку читање поезијата на рускиот поет Александар Блок до стоење во центарот на Иркутск држејќи бела роза.
Со цензурата, неизбежно доаѓа и самоцензурата. Рускиот канал на YouTube 1420, кој редовно објавува вокс-поп видеа на Руси кои одговараат на тематски прашања, неодамна објави бројки за стапките на одбивање со кои се среќава при спроведување на нивните ненаучни анкети.
На прашањето да дадат мислење за НАТО, 23 Руси одговориле, а 134 одбиле. Запрашани да дадат мислење за украинскиот претседател Володимир Зеленски, 28 се согласија да одговорат, а 124 рекоа „не“. И, на прашањето за цензурата во Русија, 26 луѓе се согласија да зборуваат, а 95 одбија.