Надежите за мир слабеат, руската офанзива се засилува на истокот на Украина

Илустрација

Мариупол, некогаш еден од најразвиените градови на истокот, сега е „концентрационен логор меѓу урнатините“, изјави претседателот Зеленски. Рускиот министер за надворешни работи Лавров тврди дека укинувањето на западните сакнции против Москва е клучот во преговорите.

Продолжувањето на преговорите за ставање крај на руската војна против Украина е доведено во прашање. Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е тешко да се разговара за мир поради гневот на јавноста поради наводните злосторства извршени од руските војници. Рускиот министер за надворешни работи рече дека укинувањето на западните санкции против Москва е клуч за разговорите.

До овој развој на настаните дојде откако исчезнаа надежите за евакуација на цивили од опколениот пристанишен град Мариупол во југоисточна Украина, додека Русија ја продолжи својата офанзива на истокот на Украина на 30 април. Зеленски во своето последно телевизиско обраќање рече дека украинските сили во Киев работат на тактички продобивки во регионот.

Русија во текот на ноќта погодила 389 цели во Украина

Видете и ова: Украина стравува од големо „уништување“ на истокот на земјата

Канцеларијата на Зеленски претходно соопшти дека била планирана операција за извлекување на цивилите од огромната фабрика за челик Азовстал, каде што се чуваат околу 2.000 украински борци заедно со околу 1.000 цивили, но немало знаци за евакуација во текот на вчерашниот ден.

Вториот по големина град во Украина, Харкив, кој се наоѓа во североисточниот дел на земјата, наводно бил цел на минофрлачки и артилериски гранатирања во текот на денешниот ден. Зеленски во своето телевизиско обраќање ноќта претходно рече дека украинските сили повторно зазеле стратешки важно село во близина на градот и евакуирале стотици цивили.

Руски воздушни напади во јужна и источна Украина, висок ризик за цивилите

Зеленски во своето обраќање изјави дека постојаните „брутални“ бомбардирања врз инфраструктурата и станбените области „покажуваат дека Русија сака да го испразни регионот Донбас од сите луѓе“, и рече дека „одбраната на земјата е буквално борба за живот“.

Тој рече дека ако руските сили, кои неиспровоцирано ја нападнаа Украина кон крајот на февруари и беа обвинети за воени злосторства против цивили, „се способни да ги реализираат своите планови дури и делумно, имаат доволно артилерија и авиони да го претворат целиот Донбас во камен“.

Зеленски рече дека Мариупол, некогаш еден од најразвиените градови на истокот, сега е „концентрационен логор меѓу урнатините“. Претходно истиот ден тој им рече на полските новинари дека украинскиот народ бара одмазда за наводните злосторства од страна на руските војници и „кога постои таков став, тешко е да се зборува за работи“.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли понудата Обединетите нации да помогнат во обезбедувањето на хуманитарни коридори од опколените украински градови, го повика

„Западот да престане да дава оружје за Украина и рече дека продолжуваат „тешките“ преговори со Киев.

Говорејќи за ТВ Ал-Арабија, во сопственост на Саудиска Арабија на 29 април, Лавров рече дека ги цени предлозите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да помогне во евакуацијата на украинските цивили од опколените градови, но дека „нема потреба некој да дава помош за отворање хуманитарни коридори“.

Руското Министерство за одбрана потврди дека извршило воздушен напад врз Киев за време на неговата посета на украинската престолнина од страна на Гутереш на 28 април, велејќи дека користело „високопрецизно оружје базирано на воздух со долг дострел“ во напад што „ ги уништи производствените згради на ракетно-вселенското претпријатие Артјом во Киев“.

Новинарката Вира Хирих, која работеше за украинската служба на РСЕ, беше меѓу загинатите кога проектил го погоди нејзиниот стан.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Новинарка на РСЕ загина во руски воздушен напад врз станбена зграда во Киев

Во изјава за кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа Лавров денеска посочи дека разговорите со Киев продолжуваат секојдневно, при што Москва инсистира на „признавање на новата геополитичка реалност, укинување на западните санкции и статусот на рускиот јазик. "

Лавров за Ксинхуа изјави дека ако Соединетите Американски Држави и западната воена алијанса на НАТО ако се „навистина заинтересирани за решавање на украинската криза, тогаш пред сè, тие треба да се разбудат и да престанат да го снабдуваат режимот во Киев со оружје и муниција“.

Рускиот министер за надворешни работи додава дека Русија, која е тешко погодена од казнените санкции може да ја „преуреди“ својата економија за да се спротивстави на „незаконските непријателства“.

Украинските и руските преговарачи не се сретнаа лице в лице, туку водеа он лајн видео преговори. Во меѓувреме руските трупи беа обвинети за воени злосторства, а западните земји ги заострија казнените санкции против Москва и ја зголемија воената помош за Киев.

Видете и ова: Руски воздушни напади во јужна и источна Украина, висок ризик за цивилите

Во Вашингтон, Конгресот се подготвува да го разгледа барањето на американскиот претседател Џо Бајден за 33 милијарди долари за поддршка на Украина. Тоа е огромен скок во финансирањето што вклучува над 20 милијарди долари за оружје, муниција и друга воена помош.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела се закани со одмазда за испораката на оружје од Запад во Украина, додека Лавров рече дека Западот не треба да ги потценува зголемените ризици од нуклеарен конфликт.

Прво Украина, сега Молдавија? Дали Кремљ ќе ја прошири војната?

Руската инвазија и засилената реторика доведоа до загриженост дека војната во Украина може да се прелее во соседна Молдавија, чиј сепаратистички регион Трансдњестар е поддржан од Москва и е домаќин на руските сили.

Серијата неодамнешни експлозии во Трансдњестар доведоа до обвинувања за тоа дека Москва се обидува да ја дестабилизира Молдавија.