Демонстрантите во Звечан се разотидоа пред истоимената општина на северот на Косово по интервенција на претставници на Мировната мисија на НАТО на Косово (КФОР).
Кордонот на КФОР, опремен за кризни ситуации, се уште е пред зградата на оваа општина. Ситуацијата се уште е тензична.
Во моментот на интервенцијата не беше присутна косовската полиција.
Одекнуваат повремени детонации. Се чувствува солзавецот од шок бомбите, додека демонстрантите фрлаа камења, шишиња и молотови коктели кон КФОР.
Снимател на Радио Слободна Европа потврди дека видел повредени војници на КФОР.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Србите од Звечан, Лепосавиќ и Зубина Поток повторно се собраа на 29 мај, за да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори во април.
Присуството на КФОР е засилено во овие општини на северот на Косово, населени со мнозинско српско население, каде што изминатите денови се појавија тензии.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во услови на зголемени тензии на северот на Косово, мировната мисија на НАТО, КФОР, ги повика сите страни да се воздржат од дејствија „што би можеле да поттикнат тензии или да предизвикаат ескалација“.
Мисијата на КФОР потврди дека утрото на 29 мај го зголемила своето присуство во општините на северот на Косово, по порастот на тензиите поради изборот на градоначалници од албанска националност во мнозинските српски општини.
Косовската полиција претходно објави дека продолжуваат протестите во близина на мнозинските српски општини Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ на север.
Како што се наведува во соопштението, демонстрантите во Звечан се обиделе да го поминат полицискиот кордон во близина на општинската зграда, „покажувајќи насилство и фрлајќи солзавец“.
„Полицијата беше принудена да употреби легални средства, како спреј, за да ги спречи демонстрантите и да ја стави ситуацијата под контрола“, се вели во соопштението.
Новинарите на РСЕ известуваат за тензичната ситуација во Звечан, каде групи локални Срби се собраа пред општинската зграда, некои од нив со маски и капи.
Помирна е состојбата во Зубин Поток, иако група граѓани се уште останаа во близина на општинската зграда, јавуваат новинарите на РСЕ. Слична е ситуацијата и во Лепосавиќ, каде голем број луѓе го напуштија протестот.
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека тензиите на северот биле предизвикани од „нелегалните српски структури претворени во криминални банди“ кои ја нападнале косовската полиција, офицерите на КФОР и новинарите.
Османи во објава на Твитер го осуди насилството и го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ за дестабилизација на северот на земјата.
„Овие неприфатливи акти на насилство мора да бидат осудени од сите. Оние кои ги извршуваат наредбите на Вучиќ за дестабилизација на северот на Косово мора да се соочат со правдата“, рече таа.
Видете и ова: Дачиќ: Задачата на КФОР не е да ги спречува вработените да влегуваат во општините на северот на КосовоПретседателот на Српската листа, Горан Ракиќ на 29 мај разговараше со припадниците на мировната мисија на КФОР во Звечан.
Тој, наводно, рекол дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина Илир Пеци да не влегува во општинската зграда. Тој, исто така, побара од КФОР косовската полиција да ги повлече специјалните единици од оваа област.
Но, заменик премиерот на Косово Бесник Бислими изјави дека е важно што поскоро избраните градоначалници да почнат да им даваат услуги на граѓаните.
Тој ги даде своите коментари за време на средбата со известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон.
„Тие како градоначалници на општините можат да ги извршуваат своите должности само од општинските згради, од каде без разлика им служат на интересите на секој граѓанин“, рече Бисљими.
Тој ја даде оваа изјава и покрај фактот што претставниците на земјите од Квинта во Косово - САД, Обединетото Кралство, Италија, Германија и Франција - побараа од Приштина да преземе чекори што ќе доведат до деескалација на ситуацијата на северот. на Косово.
Американскиот амбасадор Џефри Ховенер, кој присуствуваше на средбата, рече дека „постои договор дека мора да се случи деескалација на ситуацијата, но не знам како тоа ќе се случи“.
„Сметаме дека не е неопходно избраните градоначалници [на општините на север] да работат секој ден во општинските згради. На краток рок, препорачуваме тоа да не се прави“, рече Ховениер.
Видете и ова: Лавров - Ситуацијата на Косово може да предизвика нов конфликт во ЕвропаХовениер претходно во понеделникот изјави дека разговарал со косовската претседателка Вјоса Османи на нејзино барање.
„Разговаравме за актуелната ситуација на северот на Косово и наша заедничка грижа е можноста за насилство и потребата од деескалација“, рече Ховенје.
Тој ја спомена и претходната средба со градоначалникот на Звечан Илир Пеци и на Зубин Поток, Измир Зеќири, велејќи дека „ние сме многу загрижени“.
Ховениер рече дека на состанокот биле поканети четворица градоначалници на општините со српско мнозинство на север, но дека биле присутни само од Звечан и Зубин Поток - и двајцата од опозициската Демократска партија на Косово (ДПК).
„Не е мистерија што американската влада, владите на земјите од Квинта рекоа дека ние веруваме дека е важно да се избегнат околностите во кои јавните службеници насилно влегуваат во зградите на институциите. Тоа останува наш став“, рече тој.
„На средбата со градоначалниците разговаравме како тие можат да си ги извршуваат обврските, да им служат на сите граѓани, на некој начин да покажат одговорност кон сите граѓани, а такво нешто според нас сега значи да не се влегува насилно во зградите на институциите “, нагласи Ховениер.
Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон рече дека Владата на Косово презема многу ризици. Таа денеска во Приштина изрази загриженост за ситуацијата на северот на Косово.
Групи локални Срби и косовската полиција претходно се судрија на 26 мај кога новите градоначалници влегоа во општинските згради.
Меѓународната заедница ја повика Владата на Косово да се откаже од своите одлуки и да не се обидува „насилно да влезе“ во општинските згради, додека Приштина го бранеше ставот новите градоначалници да одат во нивните канцеларии.
Шефот на НАТО Јенс Столтенберг на 28 мај го повика Косово да не презема „еднострани и дестабилизирачки чекори“ на северот на Косово.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека ја разбира загриженоста на меѓународните партнери, но „секоја друга опција би била неисполнување на уставните обврски“.
Локалните избори на северот се одржаа откако во ноември минатата година, лидерите на четири северни општини, од Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, поднесоа оставка.
Оваа партија ги напушти сите институции на Косово, поради одлуката на Владата во Приштина да го спроведе процесот на пререгистрација на автомобилите со нелегални српски регистарски таблички.
Изборите ги бојкотираше мнозинското српско население во областа, кое сега не ги прифаќа резултатите, односно новите градоначалници.