На првите линии: украински војници и цивили чекаат можна војна со Русија
Украински војници поставија митралез на истурена станица на линијата на фронтот во регионот Луганск во источна Украина на 29 јануари.
Украински војник во зимска камуфлажа во регионот Луганск.
Војник во рововите
Украински војник ја следи ситуацијата на 29 јануари од ров со помош на перископ во близина на градот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите поддржани од Кремљ.
Војник поправа ров во близина на Доњецк.
Украински војник подготвува огревно дрво на линијата на фронтот кај селото Писки во регионот Доњецк на 29 јануари.
Жена поминува покрај зграда уништена за време на борбите меѓу украинската војска и сепаратистите во 2014 година. Фотографијата е направена на периферијата на Славјанск во областа Доњецк на 30 јануари.
Лилија (лево) и Тетјана, жителки на едно село на периферијата на Доњецк, разговараат со новинар во подрум што се користи како засолниште за бомби на 30 јануари. Тие живеат во област контролирана од сепаратистите, недалеку од линијата на фронтот со владините сили. Лилија и уште пет лица живеат во петкатница без топлинска енергија и вода. Многу куќи во регионот беа напуштени поради големите штети направени за време на воениот конфликт во 2014-2015 година.
Украински војник бдее во ровот на 29 јануари на линијата на фронтот со сепаратистите во селото Верхноторецке, во регионот Доњецк.