На 15-ти безбедно ќе се гласа, убедува Филипче

Илустрација - Министерот за здравство Венко Филипче

Сакам од мое лично име и од името на Комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, во обраќање во пресрет на парламентарните избори на 15 јули, кои ќе се одржат во време на пандемија со Ковид-19.

„Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат. Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.