За прв пат еден голем светски настан се одржува на Блискиот Исток, во мала земја која доби мега спортски настан, Светското првенство во фудбал 2022 година.
Катар треба да одговори на предизвиците со оглед на бројните контроверзи коишто секојдневно добиваат се поголема гласност во светската јавност:
За организацијата на Светското првенство 2022 година Катар вложи сума повисока од вложувањата во сите досегашни светски првенства заедно, вкупно 21.
Но, земјата се соочи со критики за непочитување на човековите права, за бројни смртни случаи на работници мигранти кои учествуваа во изградбата на стадионите и целокупната мундијалска инфраструктура, ригорозните права во врска со ЛГБТИ заедницата, правата на жените, начинот на кој Катар ја доби организацијата на светското првенство, односно навоидте за корупција и така натаму...
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Сето ова отвора дилема дали Светското првенство во Катар на крајот ќе се памети по фудбалот или по контроверзите кои му претходеа?
Водечките луѓе на ФИФА и на организациониот одбор, сепак, со своите изјави се обидуваат да ја спуштаат топката, да ја насочат кон спортскиот аспект на Светското првенство.
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино уверува дека Светското првенство во Катар ќе биде турнир на мирот и единството и кое светот ќе го обедини после тешки времиња.
„Сакам јасно да повторам дека секој ќе биде добредојден на мундијалот, независно од потеклото, религијата, полот, сексуалната ориентација или националност“, вели Инфантино.
Човековите права и заштитата на човековите права на меѓународно ниво е врвен приоритет на ФИФА, додава Инфантино потенцирајќи дека тоа е дел статутот на ФИФА со што секаде во светот ја истакнуваат потребата од заштитата на човековите права.
„Кога станува збор за ситуацијата во Катар, треба да бидеме фер и да признаеме дека е направен голем напредок и однос на условите на работниците. Секако, секаде и секогаш може да биде направено“, вели Инфантино.
И емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, вели дека нема никого да го запрат да дојде и да го посети Катар и да ужива во фудбалот, но посочува дека исто така сака сите кои ќе дојдат да ги разберат и да уживаат во различните култури.
„Милиони луѓе ја посетуваат нашата земја. Светското првенство е одлична можност за луѓето од различните делови на светот да дојдат и да ја искусат нашата култура. Сите живееме на една планета, но сите имаме различни култури. Сите се добредојдени, но исто така очекуваме луѓето да ја почитуваат нашата култура“, вели Ал Тани.
Со вложувањата во Мундијалот Катар проби фантастична финансиска бариера која на крајот ќе надмине до вчера незамисливи 200 милијарди долари за иградба на стадионите, инфраструктурните објекти, пристапните патишта...
За илустрација, претходниот шампионат во 2018 година Русија ја чинеше 11.6 милијарди, а во 2014-та Бразил вложи 15 милијарди долари.
Очекувањата на домаќинот се дека ќе компензира 10% од вложеното, конкретно околу 20 милијарди долари приход од 1.4 милиони посетители, кои ќе допатуват во Катар.
Но, и со почетниот удар сепак ќе остане горливиот вкус дека Катар е еден од нај-контроврзните организатори на големи спортски настани во историјата, иако во изминатите една и пол деценија земјата имаше конкуренција со тоа што Русија беше домаќин на СП пред четири години, а претходно и на Зимските олимписки игри.
Протести за кршење на човековите права имаше и во пресрет за двете Олимпијади во 2008 и 2021 година кои ги доби Кина, слично како и пред СП во Бразил 2014 година.
Човекот којшто беше на чело на ФИФА долги години, и за чие време Катар го доби СП, Сеп Блатер, ја призна сопствена и грешката на ФИФА што Катар ја доби организацијата на Мундијалот.
„Изборот беше лош, земјата е премала, а фудбалот и Светското првенство се преголеми за неа“, изјави Блатер за Катар.
Дарко Панчев, кој е еден од тројцата Македонци коишто играле на Светско првенство, вели дека контрверзите ги имало и ќе ги има, но и покрај тоа смета дека нема премногу да влијаат врз квалитетот на фудбалот кој ќе се игра во Катар.
„Милам дека не! Мислам дека тоа до играчите многу не допира затоа што тие се професионалци, навикнати се на разни притисоци и мислам дека они ќе се сконцентрираат да го одработат најдобро што можат она што треба да го одработат. Нема зошто они да се замараат со сите овие влијанија и работи што некој пробува да ги вметне во целиот тој циркус кој ќе биде 30 дена.“
Со сличен став е и селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски. Тој вели дека формата на играчите во моментов е на високо ниво.
„Поголемиот број од фудбалерите настапуваат во Европа, а сите клубови во Европа во моментов се во фул натпреварувачка форма и мисла дека ако ги ставиме сите тие контроверзи на страна имаме предуслови да гледаме извонреден фудбал“, вели Милевски.
Во тек е завршното одбројување до почетокот на грандиозниот настан, кој за прв пат ќе се одржи во пустински услови. Во моментите на бурата од контроверзи со кои што е обвиен мундијалот, можеби полека тие ќе стивнуваат кога драмата ќе почне и кога со секој нов ден ќе растат и резултатските тензии.
Климатските услови кои владејат во Катар ја примораа ФИФА да направи отстапка и за прв пат Светското првенство да се игра во ноември и декември, наместо во јуни и јули.
Според Панчев и Милевски оваа промена може да направи Светско првенство да добие квалитет повеќе, бидејќи ќе се игра во период кога националните првенства се во полн ек, а тоа значи и врвна натпреварувачка форма.
Видете и ова: Бразилски тинејџери донираат сликички од Мундијалот за сиромашните врснициПанчев вели дека е потрбно да се направи добра анализа за да се утврди дали генерално е подобро светските првенства да се играат во октомври или во април, кога играчите се во подобра форма, или пак да се игра откако ќе завршат првенствата, кога играчите се веќе исцрпени и уморни од долгите натпреварувања.
„Тоа е работа за анализа, можеби ова е подобра варијанта, но проблемот е што ако се игра стално во овој период, што е можеби добро за играчите од фудбалска гледна точка, тогаш стално треба да бираш земји каде што ќе биде топло.“
Според Милевски, во овој период сите клубови во Европа се наоѓаат во полна натпреварувачка форма, а поголем дел од играчите кои настапуваат на ова Светско првенство се членови на европските клубови.
„И мислам дека ќе гледаме можеби, според мене ќе го гледами и најдобриот фудбал на сите светски првенства до сега“, вели Милвески.
Вкупно 832 имиња играчите ќе учествуваат на Светското првенство во Катар кои ќе ги носат боите на 32-те селекции учеснички.
Само 50-тина од нив ќе ја имаат привилегијата на 18 декември да бидат актери за завршната битка за пехарот на стадионот во Лусаил, лоциран во истоимениот град Лусаил кој е основан во 2006 година, само четири години пред Катар да ја добие довербата на ФИФА да го организира светското првенство.
Фудбалсакта репрезентација на Македонија ја искуси силата на големите настани со учеството на Европското првенство во 2020 година, но изостана подвигот да ја отвори вратата и на СП во Катар неуспевајќи да го направи завршниот чекор во мечот со Португалија.
За тоа дали е можно македонската репрезентација да влезе во слична ситуација и во догледно време да го направи тој толку посакуван историски исчекор за настап на Светскот првенство, Милевски смета дека тоа е можно, бидејќи постои континуитет на добри настапи на репрезентацијата во изминатите пет годони.
„Мислам дека Македонија учеството прво на младинското Европско првенство 2017 година, со учеството на сениорското ЕП 2020-2021 година и поготово начинот на кој ги одигра квалификациите за ова СП, а круна на тоа и бараж натпреварот со Италија, подоцна и со Португалија, покажа дека има квалитет да биде на исто место со најдобрите. (...) За жал не успеавме, но не застануваме тука мислам дека Македонија покажа потенцијал да биде во догледно време рамо до рамо со најдобрите.“
Во тој контекст Панчев вели дека е многу важна генерацијата, но настапот на едно свстско првенство според него зависи и од среќата во групната фаза.
„На сите што пратат фудбал веројатно им е јасно дека да не беше онаа Б-дивизија, каде што ние бевме меѓу два-три апсолутни фаворити меѓу тие екипи, големо прашање е дали некогаш ќе се пласиравме и на ЕП. (...) Се тоа зависи од една временска дистанца, каде сме, во која група, со кого играме“, вели Панчев.
И покрај контроверзите, Катар е голем магнет за навивачите. Според податоците, продадени се скоро 3 милиони влезни билети, а најмногу се купувани од љубетилете на фудбалот од три земји: Катар, САД и Саудиска Арабија. За многумина неочекува податок, но логичен со оглед на високите цени за патување, за сместување и за се она што е вообичаено да се биде на еден ваков насан: цените на турискичките аранжмани се отидени до небо и Катар ќе биде достапен само за оние со длабоки џебови и за оние претпознатливи фудбалски фанови кои ако е потребно ќе подигнат кредит само да бидат присутни на најголемото фудбалско шоу.
Според претпоставките на светските обложувалници, репрезентацијата на Бразил е фаворит број еден со коефициенти кои се движат во рамките на за еден вложен апоен да се добијат 5. Следува Аргентина со 1:65, Франција со 1:7 и така анатаму. Меси и М,бапе се фаворити за титулата МВП со сооднос од 1:11, а зад нив се Неимар и Бензема.