Иновации за почисти урбани средини

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, кои се дел од секцијата по физика, изработија соларна клупа, соларна лежалка, како и сензорна канта за отпадоци. Тие, иако учат во медицинските паралелки, сакаат да создаваат за заштита на животната средина. Сензорната канта освои трето место на МАКИНОВА 2019, од вкупно 123 учесници. Што имаат да порачаат тие?